Властите во Иран го погубија новинарот Рухолах Зам (47), кој со своите написи инспирираше протести ширум земјата во 2017 година.
Егзекуцијата била извршена утрото на 12 декември, откако прогонетиот Зам се вратил во Техеран под мистериозни околности, пишува Гардијан.
Иранскиот суд му ја изрече најтешката казна на овој новинар во јуни годинава и казнувајќи го за корупција, шпионажа и обиди за уривање на иранската влада и држава.
„Властите побрзаа да го погубат Рухолах Зам, за да ja избегне меѓународна кампања за спасување на неговиот живот“, смета Дијана Елтахави, заменик-директор групата за права на Блискиот исток.
„Неговото погубување е смртоносен удар врз слободата на изразување во Иран и го покажува степенот на бруталната тактика на иранските власти да внесат страв и да го спречат неистомисленоста“, вели таа.
Егзекуцијата беше осудена и Репортери без граници и Комитетот за заштита на новинарите.
Рухолах Зам е син на шиитскиот свештеник Мохамед Али Зам, реформатор, кој беше во владата на почетокот на 80-тите години од минатиот век по соборувањето на иранскиот Шах Реза Пахлави и кој јавно негираше поддршка на неговиот син по обвинувањата од владата во Техеран.