Од Конзулатот на Русија во Битола вчера било украдено руското знаме, информираше Министерството за внатрешни работи, пренесува Слободен печат.
Кражбата во полиција ја пријавила вработена во дипломатското претставништво.
„На 14.06.2022 во 16.50 часот во СВР Битола, вработена во Конзулатот на Руската Федерација во Битола пријавила дека било одземено знамето на Руската Федерација, кое било закачено на зградата на конзулатот на улица „Маршал Тито“, се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Рускиот конзулат во Битола беше отворен во 2016 година, кога за почесен конзул беше поставен бизнисменот и некогашен сопственик на ракометниот клуб „Вардар“, Сергеј Самсоненко.