• Latest

Исплата на присвоените пари од државната помош, разоткриена лажна вест за бројот на премиери во идната влада, апел од ЦИВИЛ во пресрет на Курбан Бајрам

July 30, 2020

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Исплата на присвоените пари од државната помош, разоткриена лажна вест за бројот на премиери во идната влада, апел од ЦИВИЛ во пресрет на Курбан Бајрам

July 30, 2020 16:29
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Фирмите што ја присвоија државната помош, почнаа да исплаќаат

Под притисок на јавноста, Владата најави дека на својата веб-страница ќе ги објави имињата на фирмите што примиле финансиска помош, не им ја исплатиле, а им биле ветени на работниците. ЦИВИЛ најостро ја осуди злоупотребата на државната помош на сметка на работниците.

„ЦИВИЛ најостро ги осудува противзаконските и нехумани постапки на работодавачите кои примиле финансиска помош од државата и наместо да им дадат плати на своите вработени, тие ги задржале парите за себе. Тоа е незамисливо срамно и крајно неприфатливо однесување, кое мора веднаш да биде санкционирано“ – се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЦИВИЛ разоткри лажна вест за составот на владата: немало и нема да има преговори за двајца премиери.

Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи во вторник на пладне под посебни протоколи поради коронавирусот и во друга собраниска сала – Голема купола.

Денеска Фејсбук објави дека заедно со Фондацијата Метаморфозис и Вистиномер ќе започне со работа на програма за проверка на факти од трети страни во Северна Македонија.

Полицијата по добиени сознанија околу активностите за изградба на водоснабителен систем во тетовското село Синичане, целта обезбедување јавен ред и мир.

Комисијата за заразни болести прифатила да го разгледа барањето на Независната угостителска комора  и на Здружението на естрадни уметници за укинување на забраната за организирање музички настани во угостителските објекти и да дозволи настап на естрадни уметници во угостителските објекти.

Во последните 24 часа регистрирани се 119 нови случаи со Ковид-19, починати 4 и  89 оздравени пациенти.

УНИЦЕФ: Ковид 19 ја засили детската сиромаштија во земјава.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ најостро ја осудува злоупотребата на државната помош на сметка на работниците

ЦИВИЛ најостро ja осудува противзаконските и нехумани постапки на работодавачите кои примиле финансиска помош од државата и – наместо да им дадат плати на своите вработени – тие ги задржале парите за себе. Тоа е незамисливо срамно и крајно неприфатливо однесување кое мора веднаш да биде санкционирано.

ЦИВИЛ апелира за придржување кон мерките за заштита од коронавирусoт за време на верскиот празник Курбан Бајрам

Токму во духот на солидарноста, ЦИВИЛ апелира до сите граѓанки и граѓани кои ќе го слават Курбан Бајрам, максимално да се придржуваат кон мерките за заштита од коронавирусот, односно да се избегнуваат блиски контакти (ракување и гушкање) и да се редуцираат посетите во домовите, кои се традиција за празникот.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Го гледам некни скромниот протест на Алијансата и Алтернативата, низ главните улици на Скопје, по повод „изборните крадења“ на ДУИ. Во дефилето гордо размавтани десетици албански бајраци, меѓу нив и повеќе европски и американски, но ниту едно македонско државно знаме“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Брисел не му верува на етно-фолклорот“.

„Македонија не е демократска држава. Не беше демократска како Република Македонија, не е демократска ниту како Република Северна Македонија. Ниту една владејачка структура до сега немаше капацитети да ги воспостави темелите на демократијата во државата“, пишуваа Мирјана Најчевска во колумната „За демократијата, големата манипулација и чоколадната обланда“.

Ангела Петровска 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ