Categories

ЗЕМЈОДЕЛСТВО Исплатени 99 отсто од земјоделските субвенции

До први септември годинава се исплатени 99 отсто од ланските субвенции или реализирани се вкупно 6,8 милијарди денари, соопшти денеска директорот на Платежната агенција Николче Бабовски.

На средба со новинари во Агенцијата, Бабобски информира дека околу 80 проценти е реализацијата на буџетот за трите видови поддршка во земјоделството: директните плаќања (субвенциите), поддршката за руралниот развој и за рибарството и аквакултурата.

Според директорот, најмногу од средствата се распределени за градинарството, а најмалку за органското проивзодство.

Бабовски

– Од 2006 година досега нема анализа за тоа што е сменето со давањето субвенции во земјоделство, истакна директорот, одговорајќи на прашања.

Бабовски напомена дека е значително зголемена и реализацијата на ИПАРД средствата. На првиот јавен повик од ИПАРД 2 Програмата се доставени 1.680 апликации и засега се потпишани 800 договори, но се очекува оваа бројка да достигне 900.

– Следниот ИПРАД 2 повик ќе биде објавен наскоро. Не можам да прецизирам кога, но секако тоа ќе се случи до крајот на годинава. Желба на Агенцијата е да им помогне на земјоделците да повлечат што повеќе расположливи средства кои потоа би се селале во македонската економија, рече директорот, укажувајќи дека вкупниот број договори за целата ИПАРД 1 Програма изнесуваше 1.093, а сега, само со првиот повик за ИПАРД 2 речиси се достигнува оваа бројка. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email