По повод Светскиот ден на слободата на медиумите кој е на 3 Мај, независната организација „Комитет за заштита на новинари“ од Њујорк одвои неколку новинари кои во моментов се наоѓаат во затвор поради нивната професионална заложба.
Целта на кампањата е да се испрати разгледница до новинарите кои моментално се во затвор, да се потсетат дека светот мисли на нив и дека тие не се заборавени.
Дел од новинарките и новинарите се:
- Блогерот Алаа Абделфатах, кој беше затворен во Египет во 2014 година.
- Зехра Доган, од новинската новинска агенција Џин (ЈИНХА), затворена во Турција во 2017 година.
- Репортерот Азимон Аскаров, затворен во Киргистан во 2010 година.
- Ghys Fortune Dombé Bemba, уредник на приватниот весник Talassa, затворен во Република Конго во 2017 година.
- Динг Лингје, уредник на веб-сајт за човекови права Minsheng Guancha, затворен во Кина во 2017 година.
Разгледниците кои ќе пристигнат до организацијата подоцна ќе бидат препратени до затворените новинари.
Е.К