Во првата верзија на текстот „Лажните вести на порталот вечер.мк имаат кратки нозе“ се поткрадна една ненамерна грешка во адресирањето на изворот на лажната вест. Имено, во првата верзија стоеше „Вечер“, што според љубезното укажување на редакцијата „Вечер“ и порталот vecer.press, нема никаква врска со порталот vecer.mk што го води двоецот Латас – Ивона Талевска.
Авторот на текстот и Редакцијата ЦИВИЛ Медиа ја исправија грешката и упатија искрено извинување до Редакцијата „Вечер“ и на читателките и читателите на двата медиуми. Воедно, ова е уште една прилика, да упатиме апел да се биде крајно внимателен при следењето на медиумските содржини, бидејќи стапици се поставени насекаде, а лажните вести, манипулациите и дезинформациите се насекаде и имаат најразлични облици.
Ви благодариме на разбирањето и поддршката!
ЦИВИЛ Тим за комуникации