• Latest
Фптп: Скриншот од видео на Guardian

Истакнати личности од Волстрит со предупредување до Трамп за штетноста на воведените тарифи, Голдман Сакс ги зголеми шансите за рецесија во САД на 45%

April 7, 2025
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Истакнати личности од Волстрит со предупредување до Трамп за штетноста на воведените тарифи, Голдман Сакс ги зголеми шансите за рецесија во САД на 45%

April 7, 2025 14:17
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗБОРИ ВО САД, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Фптп: Скриншот од видео на Guardian

Фптп: Скриншот од видео на Guardian

Share on FacebookShare on Twitter

Милијардерот  Бил Акман, поддржувач на Трамп го повика американскиот претседател да ги паузира неговите неодамна објавени трговски тарифи или да ризикува „само-предизвикана, економска нуклеарна зима“.

Менаџерот на хеџ фонд, Бил Акман, кој му ја даде својата поддршка на Трамп пред претседателските избори во 2024 година, рече дека на претседателот треба да му бидат потребни три месеци за да им дозволи на земјите повторно да преговараат за нивните трговски односи со САД., пренесува Би-би-си.

Цените на акциите во Европа и Азија продолжија да паѓаат во понеделникот, бидејќи пазарите реагираат на огромните, глобални царини што Трамп ги објави минатата недела.

И покрај ударните бранови, американскиот претседател ги бранеше своите нови даноци за увоз, велејќи дека „понекогаш мораш да пиеш лекови за да поправиш нешто“.

Тој вели дека овој потег ќе ја поттикне неговата земја со нови работни места и инвестиции, но економистите предупредуваат дека цените може да се зголемат за Американците и да предизвикаат трговска војна.

Милијардерот Акман, основач на компанијата за управување со хеџ фондови Першинг Сквер, кој претходно ја поддржуваше ривалската Демократска партија, стана висок поддржувач на Трамп, републиканец, во јули 2024 година, а неговата интервенција се сметаше за важна изборна поддршка од светот на бизнисот.

Во понеделникот, предупредувањето на Акман беше повторено од друга истакната личност од Волстрит, откако претседателот на JPMorgan Chase Џејми Дајмон рече дека царините на Трамп ризикуваат да ги зголемат цените за Американците и ги предупреди инвеститорите дека превирањата предизвикани од американските царини и глобалната трговска војна би можеле да го забават растот на најголемата светска економија, да ја поттикнат инфлацијата и потенцијално да доведат до трајни негативни последици, пренесува Ројтерс.

Во своето годишно писмо до акционерите, објавено во понеделникот по неуспехот минатата недела што збриша трилиони долари од светските берзи, Димон изрази загриженост за тоа како царините ќе влијаат на долгорочните економски сојузи на Америка.

Истовремено, Голдман Сакс ги зголеми шансите за рецесија на САД на 45% од 35%, втор пат откако ја зголеми својата прогноза за една недела во услови на растечки хор од такви предвидувања од страна на инвестициските банки поради ескалацијата на трговската војна.

Голдман ја зголеми својата проценка од 20% на почетокот на минатата недела поради стравувањата дека планираните царини на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја нарушат глобалната економија. Неколку дена подоцна, Трамп објави поостри од очекуваните давачки, кои предизвикаа распродажба на глобалните пазари.

Оттогаш, најмалку седум врвни инвестициски банки ги зголемија своите прогнози за ризикот од рецесија, при што J.P.Morgan ги стави шансите за рецесија во САД и глобално на 60%, поради стравувањата дека тарифите не само што ќе ја запалат американската инфлација, туку и ќе предизвикаат одмазднички мерки од други земји, како што веќе најави Кина, објави Ростерс.

Голдман, во неделата, ја намали прогнозата за економски раст на САД за 2025 година на 1,3% од 1,5%. Тоа, сепак, е повисоко од прогнозата за раст на инвестицискиот институт Велс Фарго (WFII) од 1%, додека J.P.Morgan проценува намалување од 0,3%, на квартална основа.

Драган Мишев

Tags: рецесијаСАСДтарифиТрговска Војна
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ