Помина точно една година од посетата на Алексис Ципрац, поранешен премиер на Грција и еден од најзаслужните заедно со Зоран Заев, како поранешен премиер на Северна Македонија за решавање повеќе деценискиот спор меѓу двете земји, со фокус првенствено на името на нашата држава. Целиот процес заокружен во аналите на историјата како Преспански договор помина низ многу предизвици, оструирања од двете опозициски страни, но и компромисни решенија кои пред сè се преземаа во насока на заштита на историското право на името Македонија од што бенефит би имале и двете држави. Преспанскиот договор се постигна во јули 2018, а веќе на 2 април 2019, Ципрас беше пречекан со сите можни церемонии од нашите државници.
Оваа посета на грчкиот премиер се оцени како историска. Неговата посета значеше и официјализирање на признанието на Република Северна Македонија од грчка страна. Европската заедница го поздрави и го поддржа целиот процес давајќи и ветер во крилја на државата да продолжи со реформите кои имаа една цел: трасирање на патот кон ЕУ и НАТО.
Денеска една година подоцна веќе сме официјално 30 членка на НАТО Алијансата, а потврдена е и одлуката за отпочнување на преговорите за членство во Северна Македонија и Албанија. Ципрас, сега како претседател на СИРИЗА, не пропушти можност и во оваа кризно време за целиот свет, да му честита на Зоран Заев, претседател на СДСМ за двете, стратешки важни за нашата земја, постигнувања – ЕУ и НАТО.
Можеби, денеска овој 2 април 2020 е многу поважно како ќе се справиме со пандемијата од Ковид -19 и како држава, но и глобално во светот, но за нас како земја овие остварени цели ни го отвораат патот кон бенефитите што ги носат овие две заедници – ЕУ и НАТО – во однос на безбедноста, економијата, животниот стандард до максимилизирањето во борбата за заштита на човековите права и слободи што нема само да фигурираат на хартија. „Имаме што да си дадеме едни на други во таа соработка. Имаме многу да надоместиме, и убеден сум дека тоа е од огромен интерес и корист за сите граѓани од двете земји. Кога со Алексис го започнавме тешкото патување за да го затвориме долгиот спор што го имавме, ние не бевме сигурни дека ќе стигнеме до овој историски момент. Можам слободно да кажам, дека пред една година, само неколку луѓе во целиот свет сметаа дека можеме да стигнеме толку далеку. Но јас знам, дека ние секогаш имавме амбиции и политичка волја да одиме уште подалеку во градењето на нашето пријателство и во отворањето на нови можности за подобри односи и посилна соработка“, изјави тогаш како премиер Зоран Заев на отворањето на седницата на Високиот Совет за соработка помеѓу меѓу двете земји на која присуствуваше и Ципрас.
И како што е ред, каде има добро таму мора да има и нешто лошо, па така 15 демонстранти се обидоа да ја опстурираат или барем да и фрлат црна дамка на посетата на Ципрас во нашата земја.
Се разбира, безуспешно.
Б. Јордановска