• Latest

Истражување на Реактор: Родовиот јаз во платите е околу 19 проценти, граѓаните не пријавуваат дискриминација поради недоверба во институциите

March 30, 2022
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Истражување на Реактор: Родовиот јаз во платите е околу 19 проценти, граѓаните не пријавуваат дискриминација поради недоверба во институциите

March 30, 2022 14:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Според официјалната статистика во земјава јазот на вработеноста меѓу мажите и жените изнесува 19 процентни поени, што е речиси двојно повеќе од европскиот просек. Оваа разлика не е променета со декади наназад и укажува на структурна родова базирана дискриминација дека мажите и жените немаат еднаква можност за платено вработување, се вели во Истражувањето изработено од Реактор – Истражување во акција „Родово-базирана дискриминација и работнички права во Северна Македонија“, со поддршка на Европската унија (ЕУ) и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка, како дел од регионалната иницијатива за справување со овој вид на дискриминација во шест земји од Западен Балкан, пренесува МИА.

Резултатите од истражувањето потенцираат дека на работно место жените се соочуваат со сексуално вознемирување кое што варира од разни коментари што се нормализирани како некој вид на хумор, па до посериозни вознемирувања – обиди за силување и закани во смисла ако не го направите тоа и тоа можете да ја изгубите работата. Наодите велат дека многу мал број од овие случаи се пријавуваат до надлежните институции и за жал ретко се охрабруваат граѓаните и граѓанките да го пријават искуството иако се соочени последици.

– Сериозна беше ситуацијата и за време на ковид-кризата кога на пример мерките што беа донесени од Владата за ослободување на бремените работнички или оние што имаат хронично заболување или пак мерки што беа поврзани со ослободување на родителите на деца до 10 години. Иако овие мерки беа за заштита на работниците, во пракса жените често се соочуваат со прекршувања на овие права и дополнително беа изложени на нееднаков третман, затоа што секогаш газдите приоритизираа профит спрема добробит на работниците, истакна Васка Лешоска, еден од авторите на истражувањето.

Наодите од истражувањето препорачуваат дека треба многу повеќе заедно да работиме и пред се да се охрабрат граѓаните да ги пријавуваат ваквите случаи, но и институциите да воспостават пракса на постапување по вакви случаи за правдата да не биде многу скапа и долга за граѓаните на крај да ја добијат.

Кире Василев од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација истакна дека во едногодишното постоење на Комисијата решиле 167 претставки, од нив најголемиот дел се од областа на работата и работните односи – 76 претставки. Тој посочи дека од 76 претставки, 22 се поднесени од жени и во 15 претставки е утврдено дискриминација. Најголемиот број на основи детектирани во работата и работните односи се од лично својство и општествен статус, политичкото убедување и образованието.

Во поглед на претставките на работата и работните односи, тој рече дека мажите најмногу се жалат на политичка дискриминација, а жените на образование. Василев потенцира дека координацијата и комуникацијата меѓу институциите во земјава е најгорлив проблем.

Драгиња Аврамчевска од Државниот инспекторат за труд истакна дека тие имаат регистрирано слаб број на пријави на дискриминација, што, според неа, се должи на недовербата во институциите. Таа посочи дека фактот за економското зајакнување на жените останува критичен предизвик ширум светот, бидејќи, како што рече, само половина од работоспособните жени се во ефективна работна сила заработувајќи во просек помалку од мажите.

Аврамчевска изјави дека во ковид-кризата најголеми злоупотреби со кои се соочиле на терен е околу откажување на договорите за вработување и трансформација на работен однос и неисплатен К-15.

– Жените процентуално повеќе се вработени во индустрии каде што нивната експлоатација и нивната работна сила е помалку платена – во текстилната и кожарската индустрија, фармацевтската индустрија. Што доведува до појава на оваа проблематика? Законската регулатива постои, меѓутоа не е соодветна и не е допрецизирана. Свесноста кај жените мора да се зголеми во овој дел, односно да се даде точна дефиниција која е нивната повреда, каде доаѓа злоупотребата на Законот за работни закони. Свесноста на самите работнички права е уште на многу ниско ниво, особено во самите индустрии каде работничките не се доволно остручени и немаат соодветно образовани, рече Аврамчевска.

Според Светлана Цветковска од Министерство за труд и социјална политика, постои родов јаз во платите, кој изнесува околу 12 проценти.

– Жените преовладуваат во категоријата неплатен семеен работник. Жените се повеќе застапени во пониските работни места. Постои значајна секторска сегрегација, односно висока концентрација на вработеност на жените наспроти мажите во секторите образование, здравство, социјална работи. Во доменот на работата, жените во просек се со пониско полно работно време, имаат 12 години пократок работен век, имаат помала флексибилност со работното време во споредба со мажите и земено се заедно ова укажува дека жените генерално имаат помалку можност да изберат во тој посакуван баланс меѓу професионалниот и семејниот живот, рече таа.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ