• Latest

Истрефи: Лидерите кои ја поддржуваат Русија се подеднакво големи непријатели на нивниот народ, исто како што е и Путин

February 27, 2023
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
Христијан Мицкоски (фото извор: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Истрефи: Лидерите кои ја поддржуваат Русија се подеднакво големи непријатели на нивниот народ, исто како што е и Путин

February 27, 2023 12:26
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Помина веќе една година од бруталната агресија на Русија против Украина. И покрај немилосрдните ужаси што Русија ги нанесува на украинскиот народ во ова веќе едногодишно лудило – Украина ќе биде победничка. Ваквата брутална агресија против Украина е, исто така, агресија против сите народи и општества низ светот кои одбиваат да се наведнат пред апсолутна моќ и не може и нема да заврши без поразениот Путин и за жал, со длабоки последици за рускиот народ што ќе мора да ги носи долго време. Украина ќе биде победничка затоа што стигнавме до времето во историјата што ќе го определи нашиот курс како човештво, а моделот на демократијата ќе победи, со победничката Украина како нејзиниот симбол, истакна Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум, на конференцијата „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

„Путин се чини дека сé уште нема сфатено дека светот ја осудува неговата војна на агресија против Украина, дека ниту тој, ниту Русија имаат пријатели или сојузници, дека дури и тие кои Путин и Русија сé уште ги сметаат дека се на нивна страна не можат да демонстрираат каква било поддршка, дека Путин не само што е поразен, туку и дека неговото диктаторство наскоро ќе падне, дека рускиот народ ќе биде тој што ќе ја заврши неговата ера, ера што ќе биде запаметена како најмрачниот период во поновата историја на Русија, извор на срам во наредните децении за рускиот народ“, додаде тој.

Истрефи рече дека победата е на страната на Украина. Претседателот Володомир Зеленски ќе продолжи да биде симбол на слободата и инспирација за многу идни генерации.

Астрит Истрефи- Балкан Форум на конференцијата „Украина: Година на хероизмот“ /24 февруари 2023 година фотографија: Биљана Јордановска

„Украина обедини општества и народи од целиот свет во оваа трансцедентна битка помеѓу опресивните режими на минатото и светлата иднина на човештвото. Не се работи повеќе за војна помеѓу две земји и лудилото на еден диктатор, кој очигледно не знае за срам, ниту покажува каење за стрдањето што го има предизвикано на народот на Украина и низ светот – дури и на луѓето од неговата земја“, рече тој.

Директорот на Балкан Форум вели дека единственото нешто што Путин и други диктатори слични на нему разбираат е слепото насилство, така што нивниот пораз е единствениот начин да се сопрат. Путин треба брзо да биде поразен. За таа цел, пријателите и сојузните треба да продолжат да обезбедуваат целосна и навремена поддршка на Украина. ЕУ и НАТО треба да продолжат да покажуваат решителност и да го забрзаат процесот на интеграцијата и членство за Украина и за друготе земји кои бараат да им се придружат.

„И не треба да толерираат лидери на кои било земји членки или лидери на други земји кои во процесот на интеграција/пристапување ги оспоруваат единството и решителноста на ЕУ/НАТО.

Руската агресија против Украина е уште еден горчлив потсетник за луѓето низ светот дека нивните аспирации за слобода, демократија, владеење на правото и граѓански права не можат и не смеат да бидат земени здраво за готово. Тоа е уште еден потсетник дека диктаторите, диктаторските режими и нивните помошници, се постојана и непосредна закана за глобалниот мир и безбедност. Секоја поддршка за Путин и Русија е поддршка за агресорот. Секоја поддршка за Украина и нејзиниот народ е поддршка за слобода“, вели тој.

Истрефи додава дека денес, неколкуте лидери кои симболично покажуваат каков било знак на поддршка за Путин и Русија и оние кои се чини дека тврдат дека тоа го прават од страв од можни последици, се подеднакво големи непријатели на нивниот народ, исто како што е и Путин.

„Храброста и решитителноста што ги покажува украинскиот народ веќе една година е инспирација и токму видот на храброст што им е потребна на луѓето ширум светот за да се борат против нивните авторитарни лидери и авторитарни режими, бидејќи тие се најголемата закана за нивната иднина, слобода, просперитет“, вели тој.

Денес, вели Истрефи, време е јасно да застанеме на страната на храбрите луѓе во Украина, кои се борат за својата слобода во својата земја и низ светот. Денес, време е храбро да се бориме против Путин. Време е да бидеме горди и да кажеме гласно дека борбата против Путин е борба за слобода. Борбата против Путин е борба за мир и за многу попросперитетна иднина за човештвото!

 

камера: Атанас Петровски/ Александар Ризински

реализација и монтажа: Ариан Мехмети 

фотографија: Биљана Јордановска 

Tags: „Украина – година на хероизмот“Астрит ИстрефиБалкан форумконференција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ