Министерот за култура на Италија предложи што поскоро да и се обезбедат на Украина ресурси и средства за реставрација на драмскиот театар.
Италија е подготвена да го обнови драмскиот театар во Мариупол уништен од руските окупатори. Ова го напиша министерот за култура Дарио Франчесини на Твитер.
„Кабинетот на министри го одобри мојот предлог за обезбедување на Украина со ресурси и средства за нејзино обновување што е можно поскоро. Театрите од сите земји му припаѓаат на целото човештво“, се вели во соопштението.
Ќе потсетиме дека на 16 март непријателите фрлија тешка бомба врз драмскиот театар лоциран во центарот на Мариупол. Според народниот пратеник на Украина Сергеј Тарута, многу луѓе со деца беа во засолништето од бомби под театарот.
подготви: Жорж Димовски