Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ќе пристигне во Кијив, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Мелони, која ја презеде функцијата минатиот октомври, претходно изјави дека планира да го посети Кијив пред годишнината од руската инвазија на Украина – 24 февруари.
И покрај несогласувањата за ова прашање во нејзината десничарска коалиција и поделеното јавно мислење, Мелони е цврст поддржувач на Украина.
Италија и Франција неодамна ги завршија преговорите за испорака на напреден систем за ПВО на Кијив напролет.