• Latest

Италијанците си тераат бизнис додека „Дрисла“ се дави во политичко ѓубре

October 9, 2019
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Италијанците си тераат бизнис додека „Дрисла“ се дави во политичко ѓубре

October 9, 2019 08:52
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Депонијата Дрисла често е во фокусот на медиумите. Особено од моментот кога контроверзните Италијанци му станаа партнери на Градот Скопје. Она што пред седум години започна како сомнителен и нетранспарентен процес, ја доведе Македонија во кавги со Германија, а на анонимните Италијанци им овозможи 7 години да оперираат без инвестиции со најголемата депонија во Европа. По макотрпни тужби, градоначалникот Петре Шилегов реши да ги спроведе судските одлуки и да му ја врати депонијата на Градот. Но, Дрисла уште ја водат Италијаците оти македонските институции се во меѓусебни препукувања за наводни правни заврзлами.

Сега решението за деценискот спор за депонијата Дрисла е заглавено во правен лавиринт меѓу Градот Скопје и Централниот регистар. Градоначалникот Петре Шилегов го стави и поранешниот директор на УБК и бизнисмен, Сашо Мијалков помеѓу овие две институции.

Скопскиот градоначалник ја обвини директорката на Централниот регистар и шесте регистратори како главна кочница за преземањето на депонијата Дрисла. Според градоначалникот Шилегов по донесената одлука на Советот на Град Скопје, потребно е Централниот регистар да ја потпише, но тоа сеуште не го направиле.

„Со одлуката ја прекинавме постапката и ја бараме назад на наша сопственост, но централен регистар одбива да ја потпише. Во Централен регистар, со шесте регистратори и директорката, јас лично бев и не можев да наидам на разбирање затоа што имаме различно правно толкување“, рече градоначалникот Шилегов во дебатната емисија Топ Тема.

Тој вели дека не му е јасно зошто директорката сеуште ја нема потпишано одлуката, но дека според него можеби се работи за скриени мотиви на регистраторите и директорката или пак страв од Сашо Мијалков, „оти сите знаеме дека он го води тој бизнис“, додава Шилегов.

Иако одлуката на Советот на Град Скопје е од месец јули оваа година, со депонијата Дрисла сеуште управува италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“. Градоначалникот Шилегов за ова вели дека Дрисла е само во владение на италијанската фирма, но дека не е во нивна сопственост, затоа што одлуката е укината. Но, фирмата сеуште профитира од депонијата Дрисла.

Правен лавиринт

Директорката на Централен регистар, Марија Бошковска – Јанковски го демантира Шолегов. Таа тврди дека во случајот со Дрисла, градоначалникот во име на Град Скопје бара од Централниот регистар незаконски да постапува и истовремено се заканува со одговорност.

„Централниот регистар не е институција која може да врши поништување на уписи, тоа е работа на судовите. Затоа го повикуваме и охрабруваме градоначалникот на град Скопје да поведе постапка за ништовност на упис пред надлежниот суд , за која има законски основ“, пишува во писмената реакција на Бошковска Јанковски.

За демантот на Централниот регистар било побарано и стручно мислење од професорот од Правниот факултет, Борче Давитковски кој присуствувал и на првиот состанок меѓу градоначалникот Шилегов и директорката на Централниот регистар, Бошковска.

Професорот Давитковски појаснува дека Градот Скопје преку адвокатот Сашо Бузлиев побарал Друштвото со ограничена одговорност да премине во Јавно претпријатие по донесената одлика на Совет на Град Скопје. Централниот регистар, по консултација со овластените лица го одбива барањето на Градот.

„Во моментов има мешовита фирма, а тој сака врз основа на одлука на виш управен суд каде што се укинува тендерска документација, да премине во јавно претпријатие. Тоа не е дозволени и нема правен основ“, појаснува Борче Давитковски во разговор за ИРЛ. 

Борче Давитковски во рговорот со ИРЛ додава дека е нормално градоначалникот, како политичар, да сака работата да биде завршена побрзо, но потребно е да се прати процедурата

Градоначалникот Петре Шилегов одби да го коментира демантот на Централниот регистар, но повторно истакна дека стои зад својата изјава. Тој вели дека постои правен основ со кој Централниот регистар може да го спроведе нивното барање.

Она што останува нејасно е зошто е Градот Скопје бара преминување на мешовитата фирма во јавно претпријатие. ИРЛ разговараше со повеќе правни експерти кои посочија дека според Законот за концесии и јавно приватно партнерство, при одлука за поништување на јавното приватно партнерство целата надлежност се враќа на претходно формираното Јавно претпријатие.

Во слулајот со Дрилса, по тендерот спроведен во 2013 година, се регистрира нова фирма Дрисла ДОО која е “Друштво за посебна намена“. Според Законот, друштвата со посебна намена се регистрираат од приватниот партнер или концесионерот за да може да се реализира јавно приватно партнерство. Но, законот вели дека при поништување на јавно приватното партнерство надлежноста се враќа во Јавното претпријатие, а Друштвото останува без надлежност.

Контроверзно минато

На почетокот на годината комисија формирана од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и вработени во Градот и Министерството за животна средина, откако ги евалуираа понудите на трите компании кои во 2012 година поднеле понуди за инвестирање во Дрисла, донесоа одлука дека со работа на депонијата треба да започне конзорциумот составен од  германската „Шолц“, хрватската „Ц.И.О.С. доо“ и македонската „Сплендор мак“.

Хрватската компанија Ц.И.О.С. која е беше една од фирмите во конзорциумот, од 1994 година е партнер со германската Шолц група. Нејзниот сопственик и претседател на управниот одбор Петар Припуз заедно со синот и ќерката Иван и Ива Припуз се сопственици на уште десетина компании чија главна дејност е поврзана со собирање и рециклирање на отпад, како и со производство на електрична енергија.

Човекот кој ќе требаше да се справува со отпадот на депонијата Дрисла во Хрватска нема чисто досие и бил уапсен за местење тендер и злосторничко здружување.

По неколку месеци Градот Скопје донесе одлука да се раскине договорот со италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“ и концесијата да се додели на германско-хрватскиот конзорциум воден од „Шолц“. Но, еден месец подоцна градоначалникот Шилегов повторно се предомисли.

Конзорциумот составен од контроверзни фирми, не успеал во законскиот рок од 30 дена да се јави за да склучи договор за земање на Дрисла под концесија, по што Советот на Град Скопје донесе нова одлука – Дрисла да работи без концесионер и да биде под капата на Градот.

извор: ИРЛ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ