Во неколку региони на Украина беа спроведени итни прекини на електрична енергија по руски ракетен напад. Украинскиот национален електроенергетски оператор Укренерго го објави ова на Телеграм, пренесе Укринформ.
„Поради ракетниот напад, воведени се итни прекини на електричната енергија во регионите Харкив, Суми, Полтава, Доњецк, Дњепропетровск, Запорижја и Кировохрад“, се вели во објавата.
Рано на 1 февруари ( денеска), руските сили започнаа напад врз регионот Полтава, предизвикувајќи штета на енергетската инфраструктура во областа Мирхород.
Д. Т.