• Latest

Итно е пополнувањето на амбасадорското место во НАТО

October 31, 2019
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
Скриншот од видео на
Times News

Украина не треба да му дава ништо дополнително на „терористиот“ Путин- изјави Зеленски, додека Трамп вели дека Путин „ќе земе нешто“

October 20, 2025
Газа. Фото: Х

Примирјето во Газа го преживеа првиот голем тест, Израел и Хамас ја потврдуваат посветеноста на договорот

October 20, 2025
Фото: ДИК

ВМРО-ДПМНЕ во првиот имаат 32 градоначалници, СДСМ 3, ВЛЕН 5, а НАИ 4; Ѓорѓиевски и Мециновиќ во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје

October 20, 2025

Локални избори, прв круг: ЦИВИЛ со прелиминарна оценка

October 19, 2025
Илустрација ВИ

Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто

October 19, 2025

Гласањето заврши без поголеми неправилности, почнува броењето

October 19, 2025
Онлајн прес конференција на ЦИВИЛ во 18 часот, 19 окт. 2025 (фото: Б. Тахири/Фронтлајн)

Прес на ЦИВИЛ во 18 часот: Зголемена активност на партиски активисти, сомнежи за поткуп на гласачи, ЦИВИЛ со остар протест поради попречувањeто на набљудувачите

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Итно е пополнувањето на амбасадорското место во НАТО

October 31, 2019 14:02
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со тоа дали Владата планира во претстојниот период да ги назначи Теута Арифи за амбасадор во САД, Дане Талевски за амбасадор во НАТО, Мишо Докмановиќ за амбасадор во Израел и Сашко Насев за амбасадор во Бугарија, премиерот Зоран Заев истакна дека за две од овие имиња се разговара, две воопшто не се споменуваат, но напомена дека приоритет е да се испрати амбасадор во Североатлантската алијанса.

Тој ова го посочи денеска од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој истакна дека прашањето било наменето за шефот на дипломатијата Никола Димитров, но поради тоа што тој не е присутен на седницата му го упати на премиерот.

„Дали Владата планира во овој период лицата Теута Арифи, градоначалник на Тетово, Дане Талевски, политички советник на Заев, Мишо Докмановиќ, професор на Правниот факултет и Сашко Насев да ги постави за амбасадори во САД, НАТО, Израел и Бугарија. Прашањето го поставувам и во врска со принципите кои министерот за надворешни работи Никола Димитров ги спомена во 2017 година, зошто пред избори не треба да се упатуваат амбасадори во важни политички дипломатски центри и тогаш случајот беше поврзан со Александар Николовски, за кого Владата одлучи врз основа на тие принципи да не го упати за амбасадор“, истакна Милошоски.

Тој го праша премиерот дали се уште важат тие принципи и дали Владата и нејзините коалициски партнери имаат намера во овие преостанати 60 дена од целосниот мандат да покрене постапка или дали покренала за споменатите лица.

Заев кажа дека Владата е посветена на избор на амбасадори за барем половина од непополнетите амбасадорски позиции и нагласи дека таа е во фаза на консултации со претседателот на државата и министерот за надворешни работи.

Истакна дека се очекува откако ќе заврши постапката на консултации, која, како што рече е нормална постапка, да се разговара со него со цел да се подготви владина седница во делокругот на тоа што Владата го има како ингеренции за назначувањата.

„Сум слушнал некои од овие имиња. Од овие четири две воопшто не се дискутираат, две се дискутираат“, рече Заев и додаде дека е прерано да дава свои ставови, појаснуваќи дека за некои од нив можеби претседателот нема да даде дозвола, а за некои МНР.

Премиерот потенцира дека приоритет во моментов е да се испрати амбасадор во НАТО и нагласи дека деновиве ќе разговара со Димитров и ќе му посочи да ја забрза постапката.

Додаде дека очекува дел од постапките за нови амбасадори да завршат ноември, декемри, а можеби и јануари и февруари.

Милошоски не беше задоволен од одговорот и нагласи оти Владата не треба во предизборен период да испраќа, како што рече, политички амбасадори во важни дипломатски центри.


извор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    173 shares
    Share 69 Tweet 43
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ