Иванов ќе ја чини државата 165.000 евра годишно, доживотно, освен ако не се откаже од пензијата или ако не се промени законот. Се разбира, постои можност, доколку биде осуден, таа „скромна“ пензија да доживее модификации.
Тој ќе добие пензија од 1.800 евра месечно, право на тројца соработници, шофер, службено возило, канцеларии… За свое седиште, неславниот претседател во заминување одбрал канцеларии во комплексот висококатници Џевахир Скај Сити во Аеродром.