• Latest

Иванов: Кога речиси сите светски лидери се на една страна а само еден е на спротивна страна, тогаш нешто не е во ред со цивилизацијата

May 12, 2022

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Иванов: Кога речиси сите светски лидери се на една страна а само еден е на спротивна страна, тогаш нешто не е во ред со цивилизацијата

May 12, 2022 12:28
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Грев е што на Денот на победата, Ден на Европа, ден на нова цивилизација, мислите се навраќаат на инвазијата во Украина како на времето од четириесет и прва година, Хитлер влезе во Париз на идентичен начин, како што сега Москва влезе во Украина, вели Зоран Иванов во однос на прославата на Денот на победата врз фашизмот што се одржа во Москва, на панелот на ЦИВИЛ „Зад димната завеса“.

Нека е и само асоцијација, но е жално кога сите светски лидери се на една страна, односно европските, кога само еден е на спротивна страна, тогаш нешто не е во ред со цивилизацијата, тоа е една дисторзија на тој европски напредок, каде што впрочем припаѓа и Русија. И жалосно е тоа што се случува во Украина. Кога една држава ќе помине граница на една суверена членка на Обединетите Нации…

Може да зборуваме и за кампањи, и за лажни вести и паради, денот не носи радост како што носел години наназад. Русија не успеа со тој колективен политички ментален склоп, со децении, да се оттргне од таа феудална матрица, од тој византиски дизајн, се нешто на сила, нема соработка со западните земји, и не е убаво само кога продава природни ресурси кои припаѓаат генерално на човештвото, како што се нафтата, гасот итн., и од тоа да се егзистира со децении на сметка и на демократијата и на човековите права, на тие европски радости, на тој ден на победата што Европа сега требаше да го прославува, но за жал, навистина нема ниту еден елемент Европа тоа да го прави. Ја слави борбата на украинскиот народ, да видиме како натаму ќе се одвива…

Мимикрија е да се прави парада во Москва, да се покажува оружје како некоја макета, а во исто време дел од тоа оружје е на туѓа територија и од кое се пука, гинат и се раселуваат луѓе.

Иванов се осврна на делот на анализата во која вели дека кога совеста е мртва, тогаш вистината умира.

Кога велам совеста, светот, за жал, не е во можност да се запознае со јавното мислење, актуелното јавно мислење во Русија, за да види какво е актуелното расположение кај луѓето. Тоа нормално дека Москва нема да го спроведе, актуелната Путинова политика, затоа што, прво, стравот е да не го дознае вистинското расположение на руските граѓани, ние тоа се уште не го знаеме, тоа е земја со огромна територија, блокирани се од сите страни со разни информации, ги слушаат само своите медиуми. Додека траат овие воени операции, таму веќе интернетот не помага, бидејќи има контрола на целата територија, и таму не можеме да зборуваме за вистина, можеме да зборуваме за совест што ја нема.

Но, кога спомнуваме за ваков тип на кампања, и го употребуваме терминот нацизам, јас верувам дека и руските граѓани добро знаат дека појава на нацизам има во секоја држава, нацистички пројави тука и таму во навивачки групи, и како што спомнавме и тука, до степен на пратеници во парламенти во најдемократските држави, па дури и тука на Балканот, а да не спомнуваме уште од времето на старите комунисти во Москва, па Шешељевци, и уште кој не во Србија, па еве овде, спомнавте, и кај нас има, по Битола се цртаат кукасти крстови, тие ги има насекаде во светот.

И не може Путин да се вади, а ги има и во Русија, и во Москва, ги има, еве отворете на јутуб и ќе видите разни испади на такви групи, не само на фудбалските натпревари. Но, Европа одамна расчисти законски со фашизмот, и Путин многу добро знае дека не може на таа матрица и идеолошка подлога, да го придобие дури ниту своето јавно мислење, за да ја оправда агресијата врз Украина која уште од самиот почеток се гледа од авион, дека е борба за територија, освојување територија, борба за освојување на брегот на Црното море, и тоа е некаква историска битка по анектирањето на Крим, да се поврзе Крим со копно, да може од она што самата Москва, актуелната политика на Путин, се правдаше и се бранеше дека мора да се штити од западното влијание, дури и од военото западно влијание, односно НАТО, тој сега навлезе со оружје  со војска и со окупирана територија. Ова денеска, парадата во Москва и говорот на рускиот претседател, во најмала рака е смешно контрадикторна, затоа што, да прогласите победа, да нападнете една држава, која не е ниту подготвена и немала потреба да се брани на начин кој може и посакува агресија… Замислете сега Франција влегува во Германија и бараат да се врати нешто или Германија влегува во Франција, или Америка да се истовари на Сицилија, не оди тоа денеска.

Во однос на медиумската покриеност за војната во Украина и на кој начин тие се справуваат со информациите од терен, Иванов вело дека тие применуваат стратегија и тактика малку повеќе да го ослабат владеењето на Путин, и целата негова воена машинерија.

Забележувате веројатно дека во медиумите, зборот договор, прекин на воените дејствија се поретко се спомнува. Тоа значи дека западот е подготвен да го цеди и сега, за жал на сметка на украинските настани и украинскиот народ, но веројатно применува стратегија и тактика малку повеќе да го ослабе владеењето на Путин, и целата негова воена машинерија, бидејќи ако сега не се запре едно такво зло, да се поминат граници на суверени држави, тоа утре може да се случува секаде, и во Европа и во светот.

Нема совест кога гинат луѓе, кога има војна, и таа пропаганда ќе продолжи но епилогот сепак ќе биде, би извлекол наслов од еден мој соговорник –  „како и да заврши војната во Украина, губитник ќе биде Путин и Путиновата Русија“.

 

Д. Тахири

Камера: Атанас Петровски

Реализација и монтажа: Ариан Мехмети 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ