Грев е што на Денот на победата, Ден на Европа, ден на нова цивилизација, мислите се навраќаат на инвазијата во Украина како на времето од четириесет и прва година, Хитлер влезе во Париз на идентичен начин, како што сега Москва влезе во Украина, вели Зоран Иванов во однос на прославата на Денот на победата врз фашизмот што се одржа во Москва, на панелот на ЦИВИЛ „Зад димната завеса“.
Нека е и само асоцијација, но е жално кога сите светски лидери се на една страна, односно европските, кога само еден е на спротивна страна, тогаш нешто не е во ред со цивилизацијата, тоа е една дисторзија на тој европски напредок, каде што впрочем припаѓа и Русија. И жалосно е тоа што се случува во Украина. Кога една држава ќе помине граница на една суверена членка на Обединетите Нации…
Може да зборуваме и за кампањи, и за лажни вести и паради, денот не носи радост како што носел години наназад. Русија не успеа со тој колективен политички ментален склоп, со децении, да се оттргне од таа феудална матрица, од тој византиски дизајн, се нешто на сила, нема соработка со западните земји, и не е убаво само кога продава природни ресурси кои припаѓаат генерално на човештвото, како што се нафтата, гасот итн., и од тоа да се егзистира со децении на сметка и на демократијата и на човековите права, на тие европски радости, на тој ден на победата што Европа сега требаше да го прославува, но за жал, навистина нема ниту еден елемент Европа тоа да го прави. Ја слави борбата на украинскиот народ, да видиме како натаму ќе се одвива…
Мимикрија е да се прави парада во Москва, да се покажува оружје како некоја макета, а во исто време дел од тоа оружје е на туѓа територија и од кое се пука, гинат и се раселуваат луѓе.
Иванов се осврна на делот на анализата во која вели дека кога совеста е мртва, тогаш вистината умира.
Кога велам совеста, светот, за жал, не е во можност да се запознае со јавното мислење, актуелното јавно мислење во Русија, за да види какво е актуелното расположение кај луѓето. Тоа нормално дека Москва нема да го спроведе, актуелната Путинова политика, затоа што, прво, стравот е да не го дознае вистинското расположение на руските граѓани, ние тоа се уште не го знаеме, тоа е земја со огромна територија, блокирани се од сите страни со разни информации, ги слушаат само своите медиуми. Додека траат овие воени операции, таму веќе интернетот не помага, бидејќи има контрола на целата територија, и таму не можеме да зборуваме за вистина, можеме да зборуваме за совест што ја нема.
Но, кога спомнуваме за ваков тип на кампања, и го употребуваме терминот нацизам, јас верувам дека и руските граѓани добро знаат дека појава на нацизам има во секоја држава, нацистички пројави тука и таму во навивачки групи, и како што спомнавме и тука, до степен на пратеници во парламенти во најдемократските држави, па дури и тука на Балканот, а да не спомнуваме уште од времето на старите комунисти во Москва, па Шешељевци, и уште кој не во Србија, па еве овде, спомнавте, и кај нас има, по Битола се цртаат кукасти крстови, тие ги има насекаде во светот.
И не може Путин да се вади, а ги има и во Русија, и во Москва, ги има, еве отворете на јутуб и ќе видите разни испади на такви групи, не само на фудбалските натпревари. Но, Европа одамна расчисти законски со фашизмот, и Путин многу добро знае дека не може на таа матрица и идеолошка подлога, да го придобие дури ниту своето јавно мислење, за да ја оправда агресијата врз Украина која уште од самиот почеток се гледа од авион, дека е борба за територија, освојување територија, борба за освојување на брегот на Црното море, и тоа е некаква историска битка по анектирањето на Крим, да се поврзе Крим со копно, да може од она што самата Москва, актуелната политика на Путин, се правдаше и се бранеше дека мора да се штити од западното влијание, дури и од военото западно влијание, односно НАТО, тој сега навлезе со оружје со војска и со окупирана територија. Ова денеска, парадата во Москва и говорот на рускиот претседател, во најмала рака е смешно контрадикторна, затоа што, да прогласите победа, да нападнете една држава, која не е ниту подготвена и немала потреба да се брани на начин кој може и посакува агресија… Замислете сега Франција влегува во Германија и бараат да се врати нешто или Германија влегува во Франција, или Америка да се истовари на Сицилија, не оди тоа денеска.
Во однос на медиумската покриеност за војната во Украина и на кој начин тие се справуваат со информациите од терен, Иванов вело дека тие применуваат стратегија и тактика малку повеќе да го ослабат владеењето на Путин, и целата негова воена машинерија.
Забележувате веројатно дека во медиумите, зборот договор, прекин на воените дејствија се поретко се спомнува. Тоа значи дека западот е подготвен да го цеди и сега, за жал на сметка на украинските настани и украинскиот народ, но веројатно применува стратегија и тактика малку повеќе да го ослабе владеењето на Путин, и целата негова воена машинерија, бидејќи ако сега не се запре едно такво зло, да се поминат граници на суверени држави, тоа утре може да се случува секаде, и во Европа и во светот.
Нема совест кога гинат луѓе, кога има војна, и таа пропаганда ќе продолжи но епилогот сепак ќе биде, би извлекол наслов од еден мој соговорник – „како и да заврши војната во Украина, губитник ќе биде Путин и Путиновата Русија“.
Д. Тахири
Камера: Атанас Петровски
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети