• Latest

Иванов одбива да ги информира граѓаните за неговите службени трошоци

June 22, 2018

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Иванов одбива да ги информира граѓаните за неговите службени трошоци

June 22, 2018 09:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Ѓорѓе Иванов не одговори на поканата да ја прифати Алатката за отчетност, со што одбива да ги информира граѓаните за неговите службени трошоци, соопшти владината прес-служба. 

– Се уште нема одговор од претседателот Ѓорге Иванов, на писмото од Владата со предлог и  Канцеларијата на претседателот да ја прифати Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење. Во духот на определбата за транспарентност и отчетност во работењето на државните институции и избраните функционери, Владата го повика претседателот на РМ да ги стави на увид на јавноста информациите и податоците за трошењето на парите на граѓаните, се вели во соопштението.

Во писмото, испратено на 29 мај, министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, го информирал претседателот Иванов дека Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење им е достапна на сите избрани функционери кои се подготвени да ги стават во секој момент на увид на граѓаните информациите и податоците за трошењето на нивните пари.

Во писмото Владата го информира претседателот Иванов, дека преку Алатката за отчетност, пред граѓаните на досега се објавени трошоците на премиерот, на министрите и на замениците на министрите, на државните секретари и на генералниот секретар на Владата.

Владата ги задолжи и директорите и замениците директори на самостојните органи на државната управа, на органите во состав на министерствата и на Инспекцискиот совет, а им укажа и на директорите на јавните претпријатија, на агенциите и на акционерските друштва во сопственост на државата, да ги објавуваат службените трошоци.

Понатаму, Владата на Република Македонија го информира претседателот Иванов дека Алатката за одговорно владеење им беше предложена и на градоначалниците на општините, кои, во меѓувреме, со одлука на Управниот одбор на ЗЕЛС добија препорака да започнат да ја применуваат оваа Алатката и да ги објавуваат трошоците на носителите на јавни функции на своите веб страници.

– Оваа одлука добива уште поголемо значење ако се земе предвид фактот дека локалната власт во Република Македонија е целосно независна во креирањето на своите политики и затоа прифаќањето на оваа препорака говори за високата свест и на претставниците на локалната самоуправа за значењето на транспарентноста и отчетноста пред граѓаните и на ниво на единиците на локалната самоуправа, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Иако сите овие информации, вклучително и информациите за користење на оваа алатка за лесно пребарување низ трошењата на избраните функционери, беа наведени во писмото до Канцеларијата на претседателот на Република Македонија, заедно со понудата за асистенција за користење на Алатката, ниту од Канцеларијата, ниту од претседателот Иванов, досега нема одговор дали ја прифаќа или не можноста на отворен и транспарентен начин да им покаже на граѓаните како Канцеларијата на претседателот на Република Македонија ги троши нивните пари, нацедуваат од владината прес-служба. (МИА)

Tags: Алатка за отчетностЃорѓе Ивановнетранспарентност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ