• Latest

Иванов-Церар: Македонија и Словенија пријателски земји со трајно парнерство

April 4, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Иванов-Церар: Македонија и Словенија пријателски земји со трајно парнерство

April 4, 2018 14:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска го прими претседателот на Владата на Република Словенија Миро Церар, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, со кого разговарал за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, за политичките актуелности, а биле разменети мислења за предизвиците со кои се соочува регионот на Балканот.

– Претседателот Иванов и премиерот Церар ги потврдија одличните односи меѓу Република Македонија и Република Словенија кои ги карактеризираат трајно пријателство, доверба и цврсто партнерство. Заедничка констатација на двајцата соговорници беше дека во иднина напорите треба да бидат насочени кон интензивирање на економската соработка и трговската размена, преку поблиска соработка на бизнис заедниците и поттикнување на инвестициите од двете држави, соопштија од Кабинетот на Иванов.

Во однос на македонските евроатлантски интеграции, претседателот Иванов изразл благодарност за досегашната континуирана помош и поддршка од Република Словенија и очекување за уште поизразена поддршка, со цел деблокирање на евроатлантската перспектива на Република Македонија.

Ја сиатакнал и важноста на заедничката иницијатива на Република Словенија и на Република Хрватска, процесот Брдо-Бриони, чијшто домаќин овој месец ќе биде Република Македонија, како можност за отворен дијалог по сите прашања важни за земјите од регионот и за јакнење на регионалната соработка.

Претседателот Иванов и премиерот Церар разменија мислења и за предизвиците од илегалната миграција и притоа ја потенцираа неопходноста досегашната успешна соработка меѓу надлежните институции да продолжи и во иднина, со цел поголема регионална стабилност и безбедност.

[divide]

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: економијаМакедонијаполитикарастСловенија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result