• Latest

Ивановска: Ќе го завршиме разгледувањето на договорот со „Бехтел и Енка“ колку што можеме најбрзо

May 25, 2023
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Ивановска: Ќе го завршиме разгледувањето на договорот со „Бехтел и Енка“ колку што можеме најбрзо

May 25, 2023 20:46
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска најавува дека посебно внимание ќе посветат на оние делови од договорот со „Бехтел и Енка“ кои создаваат финансиски обврски за државата.

– Посебно внимание ќе посветиме на оние членови кои создаваат финансиски обврски на нашата држава, бидејќи тоа е она што ги засега граѓаните, што ќе добиеме ние од тој договор, изјави Ивановска во вечерашното гостување на телевизија „Сител“.

Таа потврди дека договорот што го добиле не е целосен, односно недостасуваат прилозите.

– Ако дојдеме до заклучок дека во тие прилози покрај некои менаџерски специфичности што се однесуваат за фирмата, постои нешто друго, ќе ги побараме и нив, рече Ивановска, посочувајќи дека нема сознанија дали во тие прилози има нешто што е дополнителна обврска за државата.

Таа информираше дека договорот што им бил доставен има околу 200 страни и дека во него се предвидени сите обврски на државата.

На прашањето во кој дел би постапувала Антикорупциска, одговори дека за тоа ќе соопштат наскоро.

– Сега не сакам да вадам делови, тоа ќе го кажеме во јавност. Не е само договорот што го разгледуваме туку и начинот на избор на надзорот, лиценците што ги има надзорот, фирмите што се ангажирани, свој коментар ќе дадеме и за законите, а исто така, особено внимание посветуваме и за земјиштето што ќе се експроприра затоа што е многу важно кога е купено тоа земјиште, рече Ивановска.

Во однос на временската рамка што ќе им биде потребна, Ивановска не посочи конкретен рок.

– Овој предмет на сите ни тежи, нас најмногу затоа што од нас се очекува да кажеме што сме прочитале. Навистина даваме сѐ од себе за да можеме нешто да постигнеме плус. Колку што можеме најбрзо ќе го завршиме, истакна Ивановска.

Доколку утврдат дека постоела некаква злоупотреба или дека ќе има негативни реперкусии кон државата, следниот чекор, како што посочи, би бил иницијатива до Јавното Обвинителство.

– И таму е предметот отворен. Во меѓувреме се видов со јавниот обвинител и се договоривме дека би било добро да видиме кој до каде е и да ги стегнеме силите заеднички за ја истераме целата работа, рече таа.

Во врска со одлуката на градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, за прекин на работата на администрацијата како привремена мерка за заштита на вработените поради инцидентот што се случи на 23 мај кога градоначалникот добил закани по живот од 69-годишен жител на Арачиново, таа рече оти тоа е резултат на партиски нерасчистени сметки.

– Дали во општината треба да важат законите што се однесуваат за локалната самоуправа или некакви правила на партијата. Ова е по мене страшен сигнал, рече таа.

Tags: ДКСКдоговор „Бехтел и Енка“
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ