• Latest

Ивановска: Не ми се допаѓа тоа што многу политички експонирани личности се пријавија на интервјуата за нови членови на ДКСК

November 28, 2023

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

Ивановска: Не ми се допаѓа тоа што многу политички експонирани личности се пријавија на интервјуата за нови членови на ДКСК

November 28, 2023 12:22
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Не ми се допаѓа тоа што многу политички експонирани личности се пријавија на интервјуата за избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Вака, претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска ја оценува досегашната постапка за избор на нови членови, бидејќи мандатот на овој состав на Комисијата со работа завршуваат на  7 февруари 2024 година и согласно законот немаат право на повторен избор, ниту на продолжување на мандатот до изборот на нова Комисија, пренесе МИА.

-Тоа ми е една забелешка, инаку не ги познавам сите луѓе што се пријавија, нели тоа е нивна работа сами да се претстават и да си го одржат она што ќе го кажат во нивното претставување, но сепак ќе кажам дека ми пречи тоа што имаше многу политички експонирани личности, кои се пријавуваат да бидат членови на едно сосема независно тело. Значи ние, кога се пријавивме и не избраа, бевме сосема растеретени од политика, вели Ивановска, која денеска беше во Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во Штип во рамки на кампањата „Бидете херои на чесноста“..

Таа се надева дека Комисијата за селекција нема да трпи политички влијанија и какошто вели да избира такви ликови.

Прашана дали тие како актуелен состав на Комисијата имале некакви политички притисоци, Ивановска со одговор дека притисоците на јавна сцена се одвиваат, бидејќи нивните седници се јавни.

-Јавно се одржани, што во живо со новинари, после почна короната, па на зум, па секоја седница можете да ја најдете јутуб канал итн.,што значи се е достапно. Така што да не речам и притисоците, ама ете да речам притисоци од сите тројца премиери ги доживеавме, ама на отворена сцена. Значи не сме имале нешто да не кочи, да ни се јавуваат итн. и да ни прават притисок, бидејќи јас уште на почеток кажав, доколку се случи такво нешто има член во законот, којшто нас ни овозможува да разговараме и да ги известиме Собранието дека имаме притисок и да си побараме заштита од Собранието. Така што се си е уредено, само треба да се испочитува, вели Ивановска.

Забележува дека актуелниот состав на ДКСК голем број на прашања и проблеми ги има отворено, но според Ивановска проблемот е што случаите немаат понатамошна разрешница.

-Проблем број за нас е вработувањето, ако ние успеееме да имаме прави луѓе на прави места, многу бргу државата ќе тргне напред. Нормално ако секој професионално ќе си ја врши својата работа, ќе тргнеме сите напред. Но, тука е проблемот, вели Ивановска.

Забележува дека  вработувањето во државните институции е поврзано со политички врски, непотизам, кронизам, трговијата со влијание и какошто вели Ивановска се е тоа исплеткано, Реагира и што веќе петта година по ред Законот за административни службеници не се носи, а исто така и за вработените во јавен сектор и за високораководната структура. Нејзина забелешка е дека овие Закони треба да се донесат, но смета дека очигледно е оти партиите не можат да се договорат по ова прашање. Ивановска рече дека кога ќе се избере новата Комисија, тие стојат на располагање и оставаат простор како ќе си одлучат.

Прашана за актуелните постапаки, дали ќе ги завршат до крајот на мандатот, Ивановска очекува предметите „Бехтел и Енка“, Тендерите на Државна лотарија“ и „Реконструкцијата на салата „Борис Трајковски“ за ОБСЕ да ги завршат до крајот на мандатот.

За случајот „Тендери за Државна лотарија“ вели дека е многу рано да презентираат до каде е овој случај, кој како предмет е отворен пред скоро време и  доправа ќе бараат документација и податоци од Државната лотарија.

-Меѓутоа имајќи ја во предвид работата по претходни предмети поврзани со тендери, јас очекувам дека ќе најдеме значителни информации, коишто би требало да послужат понатаму на јавното обвинителство, вели Ивановска.

Очекува овој предмет, но и двата кои се во тек да ги завршат во јануари и Ивановска истакна дека ќе ги насочат сите сили за овие три предмети.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ