Исламската Верска Заедница на Република Северна Македонија најостро ја осудува злоупотребата на повикот за молитва – Езанот и молитвата за политички цели, на кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари, Тефик Махмут од Левица.
„Вчера пред Владата бевме сведоци на политички митинг, каде што беа злоупотребени исламските верски обреди – исмејување на езанот и намазот за политичка цел. Остануваме со надеж дека таквите примитивни дејствија – со злоупотреба на религијата, нема да се повторат во иднина“, велат од ИВЗ.