• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Кандидатите за косовски премиер го игнорираат „слонот во собата“; Претставена Диела, виртуелната асистентка на е-Албанија; Дијалогот со нејасна иднина

January 20, 2025
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Кандидатите за косовски премиер го игнорираат „слонот во собата“; Претставена Диела, виртуелната асистентка на е-Албанија; Дијалогот со нејасна иднина

January 20, 2025 13:00
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Косово веќе се приближува датумот за парламентарни избори, кои ќе се одржат на 9 февруари. Кандидатите за претседатели на владата се во предизборна трка, пред себе имаат заедничка жешка точка која – формирањето на Заедницата општини со мнозинско српско население, кое според медиумите, го игнорираат во своите претставувања пред електоратот

Албанија исто така се подготвува за избори, а денеска  во 17 часот пратениците часот се враќаат во Собранието, на последната седница за овој законодавен дом.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

РСЕ: Кандидатите за премиер го игнорираат „слонот во собата“

Во првите седум дена од изборната кампања за парламентарните избори во Косово,  четворицата – Албин Курти од Ветевендосје на власт, Бедри Хамза од ПДК, Лумир Абдиџику од ЛДК и Рамуш Харадинај од ААК – ја насочија својата енергија исклучиво на политиката за внатрешни работи… и обвинувања еден за друг.

Дејвид Филипс, директор на Програмата за градење мир и човекови права на Универзитетот Колумбија, вели дека темпото ќе може да го наметне и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, од кого не очекува да има многу трпение.

„Новата администрација ќе води политика на сепарација, слична на нејзината политика во минатото. Ќе се обиде да создаде или посебни економски зони на северот на Косово, или законско одвојување, обединувајќи ги заедниците северно од реката Ибер со Србија. Трамп е бизнисмен и човек со недвижнини“, вели Филипс, пренесе Радио Слободна Европа на албански јазик.

Во екот на војната во Украина, непријателствата на Блискиот исток, подемот на Кина и другите геополитички предизвици, секое предвидување е неизвесно.

Кандидатите за премиер на Косово имаат рок до денот на изборите на 9 февруари да ги убедат гласачите дека имаат јасна и ефикасна визија за својата иднина.

Основањето на Заедницата на општини со мнозинско српско население во Косово е меѓу најжешките точки во спорот со Србија.

Договорот никогаш не е спроведен, поради стравот на косовските власти дека може негативно да се одрази на внатрешната функционалност на државата. Во меѓувреме се изготвени нацрти за статутот на Заедницата, за него се дадени гаранции од меѓународната заедница, се вршени притисоци, но безуспешно.

Газета Експрес: Рокот за набљудувачи на политичките субјекти завршува денеска

Денеска завршува дополнителниот рок до кога политичките субјекти сертифицирани за изборите на 9 февруари треба да ги претстават своите набљудувачи, пренесува Газета Експрес.

Рокот за поднесување барање за акредитација на набљудувачи на овластени политички субјекти завршува денеска, 20 јануари 2025 година, додека роковите за акредитација на медиуми, невладини, владино – меѓувладини организации, претставници на странски држави и меѓународни организации продолжуваат, соопшти портпаролот на ЦИК, Валмир Елези.

Сури нет: Продолжува судскиот процес против поранешните водачи на ОВК

Во Специјализираните комори на Косово во Хаг, според календарот, денеска ќе продолжи судскиот процес против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, пренесува Сури нет.

Во средата, 113-от сведок го заврши своето сведочење во судскиот процес против поранешните водачи на ОВК. Неговото сведочење беше ислушано на затворена сесија.

АЛБАНИЈА

Факс Веб: Измените во Законот за гласање на дијаспората, првиот „предизвик“ за консензус меѓу ДП и СП

Пратениците денеска во 17 часот се враќаат во Собранието, на последната седница за овој законодавен дом. Пратениците ќе се вратат во Собранието, а претседателот Бајрам Бегај ќе им се обрати со порака.

На денешната седница не се очекува да се изгласаат закони или договори. На оваа средба се очекува да говорат само претседателот на Собранието и лидерите на пратеничките групи. Иако овој парламент останува на функција до 10 септември, неговата работа има низа ограничувања поради општите избори.

Прво, иако Собранието официјално не е распуштено, во периодот на изборна кампања од 11 април до 11 мај нема седници на комисиите и пленарни седници. Согласно Изборниот законик, Собранието од денеска до 11 мај не може да одобрува закони кои носат бенефиции за одредени категории на општеството, како што се зголемување на платите или пензиите, даноците не може да се намалуваат, а приватизацијата не може да се одобри.

ДП и СП мора даги здружат гласовите за некои промени, поврзани и со техничките и со политичките аспекти на процесот. На предлог на ЦИК, но и поддржани од СП, две измени се однесуваат на приближувањето на роковите за регистрација, за да може побрзо да се произведува гласачкото ливче и да се дистрибуира до иселениците кои ќе гласаат по пошта, пренесе Факс Веб.

РТШ: Претставена е иновацијата во е-Албанија, запознајте ја Диела, вашата виртуелна асистентка

Премиерот Еди Рама вчера  на социјалната платформа  „Фејсбук“ го претстави виртуелниот асистент кој ќе им помага на граѓаните при интеракција со платформата е-Албанија.

Според шефот на Владата, виртуелната асистентка  по име „Диела“, која штотуку излезе од инкубаторот за вештачка интелигенција на АКШИ, ќе биде на услуга на граѓаните, пренесува РТШ.

КОЛУМНА

Коха: „Дијалогот го очекува нејасна иднина“

„По 5 години од мандатот на Лајчак, кој имаше задача да го донесе конечното решение „за месеци, а не за години“, односите меѓу Косово и Србија се помалку нормални отколку што беа. Шансите за целосна нормализација се помали отколку што беа. Нејаснотиите во дијалогот се поголеми отколку што беа. Лајчак не може да биде единствениот виновен за ова. Но, тој го напушта процесот во многу нејасна состојба.“, пишува Авторот Аугустин Палокај во колумната Дијалогот го очекува нејасна иднина“, објавена во косовскиот дневник КОХА.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ