• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово без собрание и по 50 обиди за конституирање; Судот одреди 100 илјади евра отштета за поранешниот генерален директор на албанската државната полиција; Албанската „здравица“ прогласена за национално културно наследство

July 21, 2025
UK mosque set ablaze
source: Screenshot Forbes

Запалена џамија во Велика Британија со две лица внатре, полицијата истражува сомнително злосторство од омраза

October 6, 2025

Заев го демантира Мицкоски: Со лаги за бугарски куфери со пари бега од своите неуспеси

October 6, 2025

Скопје домаќин на тридневна меѓународна конференција демократија и хибридни закани

October 6, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Израел и Хамас на преговори во Египет за прекин на огнот во Газа

October 6, 2025

Втора недела изборна кампања

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово без собрание и по 50 обиди за конституирање; Судот одреди 100 илјади евра отштета за поранешниот генерален директор на албанската државната полиција; Албанската „здравица“ прогласена за национално културно наследство

July 21, 2025 13:58
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Косово денеска не успеа ниту 50-тиот обид за конституирање на собранието, рокот за конституција даден од Уставниот суд поминува на 26 јули, јавуваат косовските медиуми. 

Во Албанија, поранешниот генерален директор на државната полиција, Гледис Нано, ја доби правната битка со албанската влада која ќе му исплати 100 илајди евра отштета за отпуштање.  

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.  

КОСОВО 

Газета експрес: 50 неуспеси – Дехари и денес ја прекина седницата откако комисијата предложена од ЛВВ доби само 53 гласа 

50-тиот „обид“ за конституирање на Собранието исто така не успеа. Претседавачот на седницата, Авни Дехари, ја прекина седницата откако повторениот предлог за формирање комисија за тајно гласање за избор на претседател на парламентот не ги доби потребните гласови. 

На претставниците на ПДК, ЛДК и ААК не им беше дозволено да зборуваат, како и претходно, додека се обидуваа да му кажат на претседателот дека е злоупотребен од партијата и да го замолат да го почитува Уставот, откако Дехари ги покани претставниците на другите политички партии да предложат имиња за членови на комисијата за тајно гласање. 

Комисијата предложена од ЛВВ за тајно гласање доби само 53 гласа. 

Ситуацијата во Собранието не се промени ниту по одлуката на Уставниот суд, која ги обврзува пратениците да го конституираат Собранието. Таа одлучи дека пратениците мора да ја завршат конститутивната седница во рок од 30 дена, најдоцна до 26 јули, пренесе Газета експрес.  

РСЕ: Српската опозиција во Косово бара единство за локалните избори 

Во пресрет на локалните избори во Косово, закажани за 12 октомври, во српската заедница се зголемуваат гласовите кои повикуваат на единство и создавање заедничка платформа за дејствување. 

Иницијативата за формирање пошироко народно движење, кое, како што се вели, би се спротивставило на актуелните политики во Приштина и Белград, доаѓа од редовите на опозициските актери кои се незадоволни од положбата на Србите во Косово. 

Лидерот на Српското народно движење, Милија Бишевац, вели дека е време политичката борба да се води јасно, без поделби, страв или партиски пресметки. 

Во меѓувреме, Стефан Вељковиќ, од Српската демократска партија, вели дека нивните повици за конкретни акции на терен долго време се игнорирани. 

Тој не ја исклучува соработката со други, освен со високи функционери на Српската листа – главната српска партија во Косово, која има поддршка од Белград, пренесе РСЕ.  

АЛБАНИЈА 

НОА: Гледис Нано го доби судењето со Владата, 100 илјади евра отштета за отпуштањето 

Поранешниот генерален директор на државната полиција, Гледис Нано, ја доби правната битка со албанската влада. Административниот апелационен суд ја потврди одлуката на Првостепениот суд, прогласувајќи го неговото разрешување од функцијата за незаконско. 

Одлуката ја донесе судски совет составен од Ардијан Дворани, Гентијан Хамити и Сокол Иби, кои ја отфрлија жалбата на Советот на министри и Министерството за внатрешни работи, кои побараа поништување на одлуката со која Нано беше пресуден во негова корист. 

Врз основа на оваа конечна одлука, албанската држава е должна да му исплати на Гледис Нано надомест од 60 месечни плати, што се совпаѓа со петгодишниот мандат на неговиот прекинат мандат, во вкупна вредност од околу 100 илјади евра, објави НОА.  

Топ чанел: Албанската здравица  прогласена за национално културно наследство 

Ритуалот на здравица сега е признат како национална вредност на албанското наследство, по одлуката донесена на состанокот на Националниот совет за нематеријално културно наследство. 

 Здравицата е вообичаена појава во форма на семеен ритуал кој првенствено се занимава со зближување на луѓето на семејни или социјални пригоди и претставува висок степен на албанско гостопримство. 

Ритуалот на наздравица, низ вековите, добил форма на морален кодекс почитуван и имплементиран низ целиот наш простор, во кој се меѓусебно поврзани многу други елементи од нашето духовно наследство, пишува Топ чанел. 

КОЛУМНА 

Коха: „ЕУ ја започна најголемата битка – онаа за пари“ 

„Нема ништо за што земјите-членки и институциите на ЕУ се борат повеќе од парите. Минатата недела, со предлогот за буџет од 2 трилиони (или 2.000 милијарди) евра, за период од седум години, започна оваа битка.  

Ова значи дека по 2028 година годишниот буџет на ЕУ ќе биде над 280 милијарди евра. Оние кои плаќаат повеќе веднаш рекоа дека „тој е неоправдано превисок“, додека оние кои добиваат повеќе рекоа дека „тој е премал за да се спроведат приоритетите“. 

Оваа битка мора да се води во следните две години, бидејќи буџетот на ЕУ зборува за вистински политички приоритети повеќе од која било јавна декларација.“, пишува Авторот Аугустин Палокај во колумната „ЕУ ја започна најголемата битка- онаа за пари“, објавена во косовскиот дневник Коха.  

Подготви: Д. Тахири 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ