• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025
Фотографија: СДСМ

Шукова: Опструкциите на ДПМНЕ и Арсовска го држат Скопје во метеж, ќе ја деблокирам изградбата на мостот кај Љубљанска

August 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на
The White House

Суспендирана одлуката на Трамп за забрзана депортација на мигрантите

August 30, 2025
Фото: Цивил

Апсолутно не може да стане збор за подобрување на животниот стандард – инфлацијата е скоро 5%

August 30, 2025
Фото: Скриншот Х

Калас: Без да плати репарации, Русија нема да ги добие замрзнатите средства во ЕУ

August 30, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Поранешен украински претседател на Врховната Рада убиен во Лвив

August 30, 2025
Фото: МИА

ЕУ останува поделена какви санкции да воведе за Израел поради војната во Газа

August 30, 2025

Албански блок 2025: Три сценарија за локалните избори

August 30, 2025

САД на седницата на СБ на ОН ја предупредија Русија да преземе чекори кон мир

August 30, 2025

СДСМ предупредува за политички и бизнис влијанија врз независни кандидати

August 30, 2025
Фотографија: ДЗС

ЦУК: Еден активен пожар, пет се под контрола

August 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025 14:02
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Косовското специјално обвинителство и разузнавачката агенција во соработка со полицијата денеска спроведоа операција против шпионажа, во која е уапсен заменик командант и началник на полициските структури во северниот дел на Косово, Бојан Јевтиќ, пишуваат косовските медиуми.

Во Албанија, апелацискиот суд го отфрли барањето на Илир Мета за ублажување на мерката безбедност, и го остави во затворски притвор каде што се наоѓа веќе 9 месеци, пишуваат албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Репортери: Шефот на полицијата, Бојан Јевтиќ, уапсен во анти-шпионска операција

Специјалното обвинителство, во соработка со Косовската разузнавачка агенција и Косовскиот полициски инспекторат, спроведува операција против шпионажа.

Според онлајн весникот Репортери, во оваа акција е уапсен полицискиот претпоставен Бојан Јевтиќ.

Тој ја извршувал функцијата заменик-командант и началник на операциите во една од полициските структури во северниот дел на Косово.

Специјалното обвинителство ја објави операцијата утрово.

Обвинителството соопшти дека ќе ги открие деталите по завршувањето на операцијата.

„Специјалното обвинителство на Република Косово ја информира јавноста дека под негово водство се спроведува операција во соработка со Инспекторатот на косовската полиција и Косовската разузнавачка агенција, во врска со сомневањата за сторено кривично дело шпионажа“, се вели во соопштението на Обвинителството, пренесе Репортери.

Бота сот: Ветеран од ОВК денес ќе штрајкува со глад за конституирање на Собранието

Пред почетокот на четириесет и осмиот обид за конституирање на Собранието на Косово, повторно се одржуваат протести пред влезот во Собранието. Ветераните и поранешните рудари го изразуваат својот револт поради политичкиот застој, повикувајќи ги политичките партии.

Ветеранот на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Лулзим Прокши, кој дошол од Хрватска, изјави дека во знак на револт поради неуспехот да се конституира Парламентот, од денес и тој ќе започне штрајк со глад. Тој рече дека ќе му се придружат и други ветерани од ослободителната војска, пишува Бота сот.

АЛБАНИЈА

Шекули: Апелацискиот суд го отфрли барањето на Илир Мета за ослободување, останува во затвор

Специјалниот Апелациски суд го отфрли барањето на Илир Мета за ублажување на мерката за безбедност, оставајќи ја на сила одлуката за „затворски притвор“. Поранешниот претседател и лидер на Партијата на слободата ќе продолжи да останува во затвор, по одлуката донесена денес од страна на судскиот орган.

Мета побара замена на мерката со поблага, како што се „куќен притвор“ или „присилно јавување“, опишувајќи ја сегашната мерка како неправедна и политички мотивирана, но Специјалната Апелација ја потврди претходно изречената мерка за безбедност од страна на ЃККО.

Адвокатот на Илир Мета ја коментираше одлуката на Апелацијата на ЃККО со која мерката за безбедност „затворски притвор“ против поранешниот претседател на земјата остана на сила, наведувајќи дека „разговарав со судот“.

Кујтим Чакрани изјави дека Илир Мета е во услови на прогон, но нагласи дека ќе се соочи со сите и дека не е лесно поразен.

„Претседателот е во притвор 9 месеци, невидено е претседателот на Републиката да остане во притвор 9 месеци без да се завршат истрагите“, рече Чакрани, пренесе Шекули.

Публик ал: УНЕСКО ја разреши албанската амбасадорка Бесиана Кадаре

Невиден дипломатски скандал тивко избувна од канцелариите на УНЕСКО во Париз: Бесиана Кадаре, амбасадорката на Албанија во оваа важна меѓународна институција, е отпуштена од функцијата без никакво официјално објаснување од албанската влада.

Доверливи извори потврдуваат дека самиот УНЕСКО ја исклучил Кадаре, прогласувајќи гја непожелна во своите простории, поради постојани неуспеси во претставувањето и заштитата на албанското културно наследство.

Бесијана Кадаре, за време на нејзиниот мандат, не заштитила ниту едно од албанските заштитени подрачја, напротив, таа беше критикувана за нејзиното молчење во најфлагрантните случаи на уништување на наследството, како што се:

  • Случајот со Бутринт, даден со сомнителна концесија.
  • Езерото Поградец, загрозено од бетонирање и злоупотреби на локалните функционери.
  • Лагуната Нарта, загрозена од индустриска изградба.

Дисквалификацијата на Кадаре не е изолиран случај, туку е меѓународна осуда на начинот на кој Албанија се однесува кон своето наследство и демократија, пренесе Публик ал.

КОЛУМНА

Коха: „Откажаниот лет за Виена“

„Се сетив на Јасуши Акаши, бидејќи ми се чини дека поминуваме низ сличен политички момент, но во сосема поинаков свет. Во тоа време, Јасуши Акаши стана симбол на слабоста на ОН, бидејќи тој ја симболизираше и неспособноста на она што се случуваше во поранешна Југославија. Сега ОН ја има за свој претставник за Палестина Франческа Албанезе, храбар академик кој ја опишува реалноста со опис што не остава простор за двосмисленост: геноцид.

Но сега повторно има тишина или формулации кои „силно го осудуваат нападот со беспилотни летала врз Кијив“ или „силно го осудуваат насилството што предизвика смрт на цивили во Газа“. Овие формулации се исти како тишина, тие немаат никакво влијание.

Секој лидер во која било земја во светот може да живее со „силна осуда“, а особено лидери како Путин или Нетанјаху. И двајцата живеат со обвиненија од Меѓународниот суд на правдата без никакви проблеми. Покрај тоа, и двајцата живеат со задоволството што се имаат еден со друг. Б. Нетанјаху во суштина е поддржувач на Путиновата Русија која ќе ги прошири своите граници до таму каде што тој мисли дека е Русија на рускиот народ. В. Путин е многу задоволен од присуството на Нетанјаху во овој историски момент: какви се неколкуте беспилотни летала што се испраќаат во Кијив против Украинците кога на Нетанјаху му е дозволено отворено да изврши геноцид во Газа, бидејќи на крајот и тој ќе создаде Голем Израел, библискиот, еврејската национална држава.“, пишува Авторот Ветон Сурои во колумната „Откажаниот лет за Виена“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ