• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Радоичиќ повторно го обезбедува Вучиќ; Дигиталната министерка „Диела“ предмет на полемики кај експертите; Суспензијата на САД на дијалогот со Косово предмет на различни интерпретации

September 15, 2025

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Радоичиќ повторно го обезбедува Вучиќ; Дигиталната министерка „Диела“ предмет на полемики кај експертите; Суспензијата на САД на дијалогот со Косово предмет на различни интерпретации

September 15, 2025 13:03
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Александар Вучиќ уште еднаш јавно го ангажираше Милан Радоичиќ, заедно со своите терористи, да ги организира и обезбедува неговите политички колони“ посочи српскиот адвокат Чедомир Стојковиќ, инаку еден од нај острите критичари на српскиот претседател и влада, пренесоа косовските медиуми.

Во Албанија, новата дигитална министерка, „Диела“, предизвика полемики, меѓу кои се обвинува за кршење на Уставот, пишуваат албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Бота сот: ​Вучиќ повторно го ангажира Радоичиќ и неговата екипа за обезбедување политикчи собир

Српскиот адвокат Чедомир Стојковиќ го обвини српскиот претседател Александар Вучиќ дека по втор пат ги ангажирал Милан Радоичиќ и неговата група за обезбедување политички собири и претседателската резиденција.

Стојковиќ нагласи дека вчера Милан Радоичиќ бил снимен заедно со членови на неговата група (кои во септември 2023 година извршија паравоен/терористички напад во Бањска, Косово, според сценариото од Донбас).

„Александар Вучиќ уште еднаш јавно го ангажираше Милан Радоичиќ, заедно со своите терористи, да ги организира и обезбедува неговите политички колони. На неговиот вчерашен митинг Милан Радоичиќ беше снимен заедно со членови на неговата група (кои во септември 2023 година извршија паравоен/терористички напад во Бањска, Косово, според сценариото од Донбас). Ова е втор пат членови на оваа паравоена организација да бидат видени како ги обезбедуваат политичките собири на Вучиќ и неговата резиденција“, напиша тој.

Српскиот адвокат Чедомир Стојковиќ потсети дека на 24 септември 2023 година, Милан Радоичиќ и неговата вооружена група се обиделе да предизвикаат војна во северно Косово според сценариото од Донбас,пренесе Бота сот.

ИНА: Суспензијата на дијалогот од САД – Порака за Косово или предупредување за Србија?

Соединетите Американски Држави одлучија да го суспендираат на неодредено време планираниот стратешки дијалог со Косово, поради загриженост поврзана со неодамнешните активности на вршителот на должноста влада. Одлуката ја објави амбасадата на САД во Приштина во петокот, преку објава на Фејсбук.

Според амбасадата, активностите преземени од владата предводена од вршителот на должноста премиер, Албин Курти, придонесоа за зголемување на тензиите и нестабилноста во земјата, отежнувајќи ја ефикасната соработка на двете земји по прашања од заеднички интерес.

Од друга страна, вршителот на должноста влада се спротивстави на проценките на САД, нагласувајќи дека нејзините активности отсекогаш биле во согласност со законот и Уставот и дека се преземени со цел елиминирање на изворите на нестабилност и обезбедување одржлива и долгорочна стабилност во земјата.

Во меѓувреме, претседателката на Косово, Вјоса Османи, реагираше изразувајќи длабоко жалење и загриженост за одлуката на Соединетите Американски Држави да го суспендираат стратешкиот дијалог со Косово.

Овие мерки се сметаат за сериозен сигнал за нашата земја, иако начинот на кој беше направен – без објаснувања и конкретни причини, остави простор за сомнеж.

Дел од јавното мислење верува дека владата е антиамериканска, додека друг дел се сомнева дека САД се позиционираат блиску до Србија, пишува ИНА.

АЛБАНИЈА

Факс веб: „Диела “ предизвикува бројни реакции, меѓу кои и дека е против уставна

Од моментот кога премиерот Еди Рама објави дека новиот владин кабинет ќе има нова министерка  „Диела“, на социјалните мрежи избувна бран реакции.

Генц Поло изјави дека декретот на претседателот Бајрам Бегај треба да се обжали пред Уставниот суд.

Во објава на социјалните мрежи, Поло пишува дека ако декретот помине без опозиција, тоа би поттикнало други уставни прекршувања во иднина.

Уредбата за Диела мора да се обжали пред Уставниот суд

Претседателот Бегај, по предлог на лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, го назначува, покрај премиерот, и виртуелниот министер за вештачка интелигенција Диела, под одговорност на премиерот за нејзиното создавање и функционирање. Така, на навредата за интелигенцијата, односно прогласувањето дека Диела е министер, се додава уставна штета, вели Поло.

Иако за повеќето медиуми кои се фатија на мамката и го направија сензационален наслов, ова може да изгледа смешно, всушност, тука не имаме само смешен случај, туку и сериозен правен преседан, кршење на Уставот. Ова важи за луѓе кои се грижат за владеењето на правото и сериозноста на државните институции, без разлика колку малку или многу се овие луѓе.

Овој виртуелен, нечовечки, неличен министер се појавува во уставен документ како што е претседателскиот декрет за назначување на премиерот.

Овој декрет треба да се обжали пред Уставниот суд! Доколку декретот помине без противење, ова би поттикнало други уставни прекршувања во иднина, бизарни или не, пренесе Факс веб.

КОЛУМНА

Коха:  ЕУ, и покрај неправедните санкции против Косово, не ги сврти Косоварите против неа

„Граѓаните на Косово имаат голема доверба во ЕУ и сакаат Косово да стане земја-членка. Ова го потврдуваат најновите анкети објавени од „Евробарометар“. Но, Косово, по Турција, има најмала поддршка од граѓаните во рамките на ЕУ, иако разликата помеѓу оние кои би го прифатиле Косово во ЕУ и оние кои се против не е голема.

Загрижувачка порака за политичките партии во Косово треба да биде дека граѓаните најмалку им веруваат. Резултатите од најновиот „Евробарометар“, кој ја мери перцепцијата за процесот на проширување на ЕУ, се полни со изненадувања. На пример, мнозинството Шпанци би го прифатиле Косово во ЕУ, иако нивната земја не го признава Косово како држава. Граѓаните од земји како Грција и Кипар го поддржуваат Косово повеќе од Албанија. Хрватите силно ги поддржуваат Косово и Албанија, додека повеќето од нив би ја прифатиле и Србија во ЕУ. Сепак, мнозинството Срби не сакаат да станат членки на ЕУ и нивните срца и умови се со Кина и Русија.“, пишува Авторот Аугустин Палокој, во колумната „ЕУ, и покрај неправедните санкции против Косово, не ги сврти Косоварите против неа“, објавена во дневникот Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ