• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Тирана се приклучува на глобалниот бран протести за Газа, Тунберг една од организаторите; Уште три дена рок од уставниот суд за конституирање на Косовското собрание; Кули во центарот на Тирана со цени на квадратен метар како во Милано

July 23, 2025

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Тирана се приклучува на глобалниот бран протести за Газа, Тунберг една од организаторите; Уште три дена рок од уставниот суд за конституирање на Косовското собрание; Кули во центарот на Тирана со цени на квадратен метар како во Милано

July 23, 2025 13:45
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана на плоштадот „Скендербеј“, денеска со почеток во 18 часот ќе се одржи протест за крај на израелската окупација на Газа, на протестот ќе учествува и активистката Грета Тунберг, пишуваат албанските медиуми. 

Во Приштина денеска ќе се одржи седница на која пратениците по 51-ви пат ќе се обидат да го конституираат собранието, а рокот што им го даде уставниот суд, истекува за три дена, пишуваа косовските медиуми. 

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.  

АЛБАНИЈА 

Еуроњуз: Албанија се приклучува кон глобалниот бран протести за Газа, Грета Тунберг ќе учествува на протестите во Тирана 

Додека Газа ја достигнува 5-та фаза на неухранетост, активистката Грета Тунберг, заедно со граѓани и организации во Албанија, се мобилизираат за голем протест што ќе се одржи денеска  во 18:00 часот на плоштадот Скендербег, во Тирана.  

Демонстрантите ќе бараат крај на израелската окупација на палестинскиот народ, приклучувајќи се кон глобалниот бран протести, пренесе Еуроњуз. 

НОА -Истрага на RAI3: Кули на албанската мафија во центарот на Тирана, 5.500 евра за квадратен метар како во Милано! 

Градежниот бум во Тирана го привлече вниманието на италијанските медиуми. 

 Во неодамнешна истрага на RAI 3, се наведува дека Тирана доживува невиден градежен бум, при што цените во некои области веќе достигнуваат ниво од 5.500 евра за квадратен метар, исто како и во Милано. 

 Италијанските медиуми пишуваат дека оваа промена се случила во голема мера благодарение на влијанието на Еди Рама, кој беше градоначалник 11 години пред да стане премиер. 

 Истрагата носи докази за добро познати и анонимни инвеститори кои имале корист од овој брз развој, претворајќи ја Тирана во „милански модел“ во однос на темпото и форматот на изградбата. 

Во истрагата, исто така, се спомнуваат познати италијански архитекти, пренесе НОА. 

КОСОВО 

Коха: Само три дена од истекот на рокот утврден Уставниот суд, денес 51-ви обид за конституирање на Собранието на Косово  

Денес, пратениците на Собранието на Косово повторно ќе се соберат по 51-ви пат во обид да го конституираат законодавниот дом, додека остануваат уште неколку дена до крајот на уставниот рок, каде што Уставниот суд на 26 јуни даде 30 дена за да се заврши конститутивната седница преку избор на претседател и потпретседатели на Собранието. 

 Сепак, движењето Ветевендосје продолжува да инсистира на името на Албулена Хаџиу за претседател на Собранието, додека другите партии не го гледаат ова име како обединувачко. 

 Исто така, претседателот на Собранието, Авни Дехари, стави на гласање формирање на Изборна комисија што би овозможила тајно гласање за претседател на Собранието, процес кој исто така не добива поддршка од другите партии. 

 Политичкиот ќорсокак трае веќе неколку месеци, откога граѓаните излегоа на гласање за парламентарните избори на 9 февруари 2025 година. Оттогаш, од тие избори не се формирани нови институции. 

 На 26 јуни, Уставниот суд ја објави својата пресуда во случајот KO124/25, во врска со барањето поднесено од пратеничката Тиме Кадријај и десет други пратеници на Собранието, кои се спротивставија на одлуката за отфрлање на формирањето на Комисијата за тајно гласање и други слични одлуки, донесени за време на конститутивните седници на Собранието одржани во април и мај 2025 година, пренесе Коха.  

РТК – Амбасада на САД: Косово има потенцијал да стане придонесувач во безбедноста 

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Косово вели дека Косово има потенцијал да стане клучен придонесувач кон глобалната безбедност, поттикнат од партнерства со американски компании. 

Амбасадата го нагласи стратешкото значење на развојот на одбранбената индустрија на земјата, пишувајќи дека отпорната и модерна одбранбена индустрија ги зајакнува двете нации, пренесе РТК. 

Зери: Одбраната на поранешните водачи на ОВК бара пристап до доверливата пресуда на Апелациониот суд во случајот Пјетер Шала 

Одбраната на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селим и Јакуп Красниќи итно побара пристап до доверливата пресуда на Специјалниот апелациски суд против Пјетер Шала, со која казната на Шала е намалена од 18 на 13 години затвор за воени злосторства. 

Одбраната на Тачи и другите, во нивното барање поднесено на 22 јули 2025 година, со кое се обратија до Жалбениот панел кој ја објави пресудата против Шала, наведоа дека постои легитимна истражна цел за ова барање и дека пристапот до бараниот материјал е неопходен за одбраната, бидејќи според нив, тоа би го олеснило судскиот процес во овој случај. 

 Одбраната изјави дека ова барање нема да влијае на заштитните мерки што се во сила и се применуваат во овој случај. Тие дури изјавија дека секое користење на доверливи делови од пресудата ќе биде презентирано на доверлив начин, пренесе Зери.  

КОЛУМНА 

Коха: „Тивката закана“ 

„ЕУ го ажурираше механизмот за суспензија на визите врз основа на она што го научи од праксата. Албанија во 2022 година имаше за цел да воспостави инвестициска шема со „златни пасоши“. Дури по притисок од ЕУ, Рама се повлече. Србија почна да ја приближува својата визна политика дури по притисок од ЕУ. 

 Сега овие работи ќе бидат кодифицирани во рамките на новото европско законодавство. Не сакам да кажам дека заострувањето на механизмот за суспензија на визите е конкретно насочено кон нашиот регион, но е насочено и кон нашиот регион. Значи, иако со новиот механизам за суспензија на визите, ЕУ не им се заканува на лидерите на нашиот регион, самото нејзино присуство е закана што не треба да се игнорира.“, пишува Авторот Демуш Шаша во колумната „Тивката закана“, објавена во косовскиот дневник Коха.  

Подготви: Д. Тахири 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ