• Latest

Изборен молк во Албанија пред утрешните парламентарни избори

April 24, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Изборен молк во Албанија пред утрешните парламентарни избори

April 24, 2021 09:20
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По едномесечната изборна кампања, која се одвиваше многу поразлично од досегашните, поради пандемијата со Ковид-19, денeска во Албанија е изборен молк, пред утрешните деветти по ред парламентарни избори во земјата.

Кампањата во двата најголеми политички табора, Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама и демократската на Љуљзим Баша, која ја предводи изборната коалиција „ПД-Алијанса за промени“, ја почнаа во исто време но на различни локации во Тирана, а ја завршија првите во Валона, а вторите на плоштадот „Мајка Тереза“ во Тирана.

Рама дури и во Валона не остана без да ја нападне опозицијата, нагласувајќи дека на 25 април „сите ќе ги оставиме зад нас“ и Баша и претседателот Илир Мета, кого го нарече национален срам, и Моника Круемади претседателката на ЛСИ, кои, според него, ќе останат духови од минатото.

-На 25 април ќе завршат Моника, Илир, Лули и сите идиоти кои веќе 30 години се лепеа зад нас како духови од минатото. Албанија надвор од пандемијата, вон Ковид-19, треба да биде Албанија надвор од заразената политика на сите овие години, треба да ја оставиме зад себе заразената политика, толку години со толку многу енергија потрошена за кавги, за поделба. Замислете колку повеќе би сториле, ако во овие 30 години не поминувавме време во борби, рече Рама.

Тој е убеден дека Социјалиситичката партија ќе извојува изборен триумф со обезбедени две третини пратеници во 140-члениот парламент, со цел да продолжат за подобрата иднина на Албанија, нејзиниот народ и посебно младите.

-Ја бараме вашата поддршка за заедно да продолжиме со проектите за една подобра иднина. Албанија е нашата иднина, немаме време за губење. Поминавме низ два големи предизвика, катастрофалниот земјотрес од ноември 2019 и пандемијата со непознатиот непријател од 2020 година. Направивме се, максимално ангажирајќи се за да го имунизираме населението, а планираните над 500. 000, па и повеќе, граѓани до почетокот на мај, ќе овозможи послободна туристичка сезона, рече Рама, кој на митингот се појави со неговиот седумгодишен син Захо.

Тој наброја и дел од капиталните реализирани проекти, меѓу кои, аеродромот во Кукс и новата регионална болница во Фиер, изградена од „пријателска и братска Турција“, потпишниот договор за модернизација на пристаништето Драч, со компанија од ОАЕ, кое, како што рече ќе биде Дубаи во Средоземјето и изградбата на нов аеродром во Валона.

За разлика од целомесечната кампања, која се одржуваше со строго почитување на протоколите, синоќа имаше масовно присуството на граѓани на митингот во Валона.

За разлика до социјалистите, демократите на Баша изборните активности во целост ги одржуваа со големо присуство на народ, а така беше и синоќа на плоштадот „Мајка Тереза“ во Тирана.

Во обраќањето Баша, меѓудругото, рече дека „недела ќе биде ден на промени по осум тешки години“

– Оваа фасцинантна вечер го означува крајот на едно патување. Патување што го почнавме заедно од овој плоштад пред нешто помалку од еден месец и кое не донесе од југот кон северот, од Тропоја до Саранда, од Корча до Драч, на секој дел од Албанија, од Албанија полна со надеж, Албанија која е исполнета со радост за претстојната победа. Бидејќи по осум години поинаква патека, во секое село и град, во секој дом, претпријатие и фарма, видов во очите на нашите мајки, веќе нема очај, нема повеќе солзи, туку радост за големиот ден што се приближува. Ден на победата на секој Албанец, ден на победата на демократијата, ден на победата на Албанија како цела Европа, со гласањето на бројот 9, порача меѓу другото Баша.

Како што и ја почнаа кампања демократите ја завршија со голема колона на луксузни возила по центарот на Тирана.

– Баша во текот на целата кампања беше придружуван со луксузни возила кои чинат по неколку десетици илјади евра, а со кои едно семејство може да купи стан. Ова потврдува дека економската криза како последица на пандемјата и осумгодишниот престој во опозиција не влијаеле врз претендентите кои сакаат да дојдат на власт, констатира телевизијата „Ора њуз“  во веста под наслов „ ПД ја почна и ја заврши кампањата со автосалон на луксузни автомобили“.

Кампањата беше преполна со обвинувања и навреди, регистрирани беа два инцидента со кршење на прозорци на спротивните табори, полицијата веќе поведе постапка за обид за купување гласови од страна на ЛСИ, а во вооружен напад во Елбасан беше убиен активист на партијата на Рама.

Не изостанаа ни преписките по социјалните мрежи и на јавните настапи преполни со навреди и обвинувања меѓу Рама и Баша и Рама и Мета, кој пак најави дека доколку Рама победи на слободни избори, на 26 април ќе си поднесе оставка.

Тој вчера упати порака до сите учесници во изборите „да се избегне каков било инцидент и провокација“ и оти на 25 април одлучува слободно дадениот глас на народот.

Преку видеопорака странските дипломати во Тирана, повикаа на слободни и фер избори, нарекувајќи ги многу значаен настан за демократијата. Тие апелира до граѓаните да не го продаваат гласот.

-Изборите се многу значаен настан за демократијата. Твојот глас е твој. Не е подарок. Затоа, не го продавај, порачаа амбасадорите.

Ако на митинзите, поради пандемијата, изостанаа спектакуларните концерти, кои беа редовна појава, сепак Баша во континуитет, а Рама синоќа го „ предизвикаа вирусот“. Фотографиите од двата митинга јасно зборуваат колку се „испочитувале“ препораките на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, кои забрануваат собир на повеќе од 10 лица. Поради тоа можеби оправдани се предупредувањата на Комитетот на експерти дека по изборите се очекува зголемен број новозаразени.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ