• Latest

Изборен мониторинг: Четврта прес конференција на ЦИВИЛ

April 24, 2024
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изборен мониторинг: Четврта прес конференција на ЦИВИЛ

April 24, 2024 21:05
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода, на четвртата , и последна прес конференција за изборниот ден на претседателските избори ги претставува наодите од мониторингот.

Мирен изборен ден и висока излезност се главните карактеристики на денешниот ден, кога македонските граѓанки и граѓани гласаа за претседател или претседателка на Северна Македонија.

Сепак, мониторингот на ЦИВИЛ бележи бројни помали нерегуларности, но и грубо кршење на изборниот круг во неколку случаи. Исто така, мониторингот на ЦИВИЛ бележи и пласирање непотврдени информации, лажни вести и националистички наративи во дел од медиумите. 

Најмногу прашина се крена околу ИМ 1112/1 во Липково, за кое се проширија вести дека имало т.н. „бугарски воз“ и полнење кутии. Дел од медиумите (како што е NEWS24, кои само интерпретираа вест од ТВ Алсат), нои и ОИК и ДИК излегоа со различни информации. Од една страна се тврдеше дека на ИМ е прекинато гласањето, додека тврдењето од теренот беше дека такво нешто немало. Слично на тоа, неофицијални извори од коалицијата ВЛЕН го информираа ЦИВИЛ дека гласањето не било прекинато. Накратко, оваа ситуација остана енигма до овој момент. Шпекулациите во медиумите се појавија и поради недоволната транспарентност на сите вклучени, односно засегнати страни за тоа – што навистина се случило. 

Кршењето на изборниот молк се бележи, меѓу другото, во интернет порталот „Во Центар“ каде што се појави изјава од кандидатката Силјановска Давкова околу 17 часот. Таа вест, како и изјавите од други претседателските кандидати беше под ембарго на сервисот на МИА, но се појави само изјавата од кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ. 

Кршење на изборниот молк се бележи уште повеќе на социјалните мрежи, од партиски функционери на повеќе политички партии. Некои од пораките на социјалните мрежи беа двосмислени, но секако, според толкувањето на ЦИВИЛ за тоа што би требало да претставува изборен молк, начинот на кој дел од политичарите и нивните следбеници се однесуваа на социјалните мрежи – претставува кршење на изборниот молк. Во секој случај, изборниот молк недоволно добро е дефиниран во Изборниот законик, а не беа прифатени ниту предлозите на РГ за измени во Изборниот законик. Со други зборови, се чини дека изборен, всушност и немаше. 

Фингерпринт апаратите не секогаш функционираа, но далеку од тоа да беше сериозна ситуација. ИО во најголем дел од тие случаи успешно ги спроведоа дополнителните постапки. Дел од избирачките места имаа поголги прекини, токму поради овие технички проблеми, а мониторингот на ЦИВИЛ бележи и два случаи во кои гласачите се откажуваат од гласање поради тоа. 

Во системот на ЦИВИЛ се уште се внесуваат и се обработуваат извештаите од теренското набљудување на изборниот ден. Во претходните три прес конференции известивме за повеќе од триесет различни случаи на нерегуларности низ целата земја. Тие се објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ. 

Целосен извештај од мониторингот и прелиминарна оценка на спроведувањето на Претседателските избори ќе биде објавен во текот на утрешниот ден. 

На сите македонски граѓанки и граѓани им честитаме за нивната висока граѓанска одговорност што ја покажаа на денешниот ден на гласање. 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ