Охрид, О.У с.Лескоец, ИМ 1307, Гласачот пеел народни песни и им се обраќал со непристојни изрази на присутните. И така се гласа…
Притисоци врз набљудувачи на ЦИВИЛ
Ѓорче Петров, ООУ „Јоаким Крчовски“, ИМ 2589, Кон набљудувачот на Цивил има приговор од ИО зошто овластувањата немаат деловоден број, зошто беџот е без име и презиме итн.
Бутел, ОУ „П. Здравковски – Пенко“, ИМ ‘2919, Неовластено лице се обидело да го идентификува набљудувачот на Цивил. Ова лице кое е непознато и е без овластување и беџ, неовластено сакало да го легитимира набљудувачот.
Надминување на овластувања на партиските набљудувачи
Ново Село, ИМ 1786, Набљудувач на политичка партија внатре во ИМ зборувало со некој на телефон и во разговор кажува на некој,, „да дојдеш да гласаш и ти и сестра ти“
Куманово, ОУ „Наим Фрашери“, ИМ 1031, Партиски набљудувачи на политичка партија приговараат и вербално реагираат зошто не им е овозможено да набљудуваат. ИО правилно постапува со тоа што не им дозволува, бидејќи во вториот круг тие не може да бидат овластени претставници на подносители на листи, бидејќи не учествуваат т.е. немаат своја листа во вториот круг.
Нарушување на тајност на гласањето
Кочани, Детска Градинка „Павлинка Вељанова“,ИМ 0835, Гласач откако завршил со гласање пред да го пушти во гласачка кутија јавно покажувајќи го ливчето кажал за која партија гласал по што го пуштил ливчето..Настанот е евидентиран во дневникот со настани
Кисела Вода, ЦОУ „Круме Кепески“, ИМ 2770, Читање на име и презиме на гласачите на глас
Кичево, ОУ „Санде Штерјовски“, ИМ 0750, Имињата на гласачите се изговараат на глас, мала просторија со еден параван поставен
Повреда на избирачко право
Битола, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, ИМ 0089, Членовите на ИО не ги познаваат изборните правила во однос на гласањето со придружба. Лицата кои се неписмени, кои имаат три ХХХ во личната карта кај местото за своерачен потпис, на нив не им се дозволува да гласаат со помош на придружбата која ја носат, што е спротивно на изборната регулатива. Гласачот кој не е писмен, а за кој тоа е констатирано во самата лична карта, има полно право да гласа со помош на придружбата која сам ја донел и членовите на ИО не смее да бидат тие кои ќе му асистираат, ниту пак тоа да биде некој од редовите на случајните гласачи.
Повреда на КОВИД протоколи
Битола, ОУ „Даме Груев“, ИМ 0032, ИМ 0032 и 0033 се две избирачки места кои се лоцирани во една иста просторија, а ова е непрописно согласно Ковид протоколите кои се во важност.
Групно и семејно гласање
Бутел, ОУ „П. Здравковски – Пенко“, ИМ ‘2919/1, Групно гласање.
Бутел, ОУ „П. Здравковски – Пенко“, ИМ ‘2919/1, Групно гласање и семејно гласање, на четворица гласачи им е дозволено да гласаат зад еден параван во исто време.
Куманово, ЈП Водовод, ИМ 1017/1, машко лице кажал дека не може сам да гласа и дека мора да биде со придружба, од ИО рекле дека е во ред и им дале две ливчиња и на гласачот и на придружникот и заедно гласале зад исти параван.
Куманово, ОУ Наим Фрашери, ИМ 1042, Семејно гласање – дозволено на сопругот и сопругата заедно да гласаат.
Проблеми со ФА
Центар, ОУ „Коле Неделковски“,2867/1, Поради нефункционалност на апаратот за отпечаток гласањето не почнало, доцни 3часа.
Непристапност, повреда на гласачко право на лица со посебни потреби.
Демир Капија, ОУ – с. Барово, ИМ 1248, Третиот гласачки параван, наменет за гласање на лица со физичка попреченост, членовите на ИО го поставиле на прозорецот како заштита од сонцето. Креативно, но крајно неправилно од страна на конкретниот ИО.
Аеродром, ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, ИМ 2692, Вратата за влез и излез од објектот каде е поставена рампата за лицата со попреченост е затворена и гласачите се приморани да кружат и да влегуваат преку влезот со скали, кој не е соодветен за нив.
Аеродром, ОУ „Гоце Делчев“, ИМ 2725 и 2726, Во избирачките места има паравани за гласање за лица со посебни потреби, но нема пристап за инвалидска количка.
Аеродром, ОУ „Гоце Делчев“, Избирачки места 2730, 27301/1 и 2731 во истото училиште се лоцирани на спрат и не се пристапни за лица со посебни потреби.
Други нерегуларности
Ранковце, ОУ – с. Отошница, ИМ 0986, Условите за работа на ИО и за остварување на избирачкото право од страна на избирачите се субстандардни. Пристапот до училиштето е многу тежок, а внатре се без вода и струја.
Ѓорче Петров, зграда на Општината, ИМ 2569, Просторијата е премала и во ова ИМ не е овозможено почитување на Ковид протоколите и соодветно обавување на набљудувачката мисија на набљудувачите.
Чаир, ООУ „Исмаил Ќемали“, ИМ 2940, Членовите на ИО не носат беџови за идентификација.
Бутел, ОУ „П. Здравковски – Пенко“, ИМ ‘2919, На ова ИМ има гласачка кутија со налепница за избор на градоначалник на општина Бутел, а тој избор е завршен во првиот круг. Не стои налепница за избор на градоначалник на градот Скопје.
Битола, ОУ „Даме Груев“, ИМ 0029, пушење цигара во просторијата на ИМ од страна на член од ИО.