• Latest

Изборен рапорт #30, во 12 часот: Ноторни невистини, навредлив говор на етничка основа, говор на омраза против претставниците на ЦИВИЛ и закани против нејзините набљудувачи

October 31, 2021

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изборен рапорт #30, во 12 часот: Ноторни невистини, навредлив говор на етничка основа, говор на омраза против претставниците на ЦИВИЛ и закани против нејзините набљудувачи

October 31, 2021 12:36
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во неколку објави на одредени Фејсбук страници, познати по говорот на омразата и дезинформациите и кои отворено водат црна кампања во корист на одредена политичка партија, се изнесуваат ноторни невистини, манипулации, навредлив говор на етничка основа, говор на омраза против претставниците на ЦИВИЛ и закани против нејзините набљудувачи.

Целта на овој крајно нечовечен и антидемократски напад врз една граѓанска организација за човекови права е да се изврши притисок врз организацијата и нејзините членови и да се попречи нејзината работа, како и да се нанесе штета врз угледот и довербата која организацијата ја ужива во јавноста во земјава и во светот.

Куманово, ОУ „11 Октомври“, ИМ 1026/1, каде што имавме извештај за тоа дека член на ИО, иницијали ВТ, додека гласачот бил на ФП апаратот, именуваната извадила телефон за да го слика гласачот. После тоа, му рекла: знаеш дека треба да заокружиш конкретно бројче. Сега набљудувачот на ЦИВИЛ е под притисок од ова лице, а и други набљудувачи на ЦИВИЛ кои го посетија ИМ сега се под притисок.

Физички инцидент

Теарце, ОУ Исмаил Ќемали, с. Нераште, ИМ ‘2029/1, Инцидент – гласач не бил пронајден на УБИГ, се вознемирил и агресивно се нафрлил врз член на ИО. Речиси дошло до физичка пресметка. На крајот гласал со ставање рачен отпечаток од прст во графата предвидена за тоа во избирачкиот список.

Притисоци врз набљудувачи на ЦИВИЛ

Набљудувачот од ЦИВИЛ бил следен со автомобил и фотографиран повеќе пати, секаде каде што се движел.

Куманово, ЈП Водовод – голема сала, ИМ 1016, На набљудувачот од Цивил, барани му се дополнителни документи за легитимација и е попречуван во набљудувањето – не му е дозволен пристап до ИМ, а како причина е наведен малиот физички простор и ковид протоколите.

Агитација, организирано носење на гласачи, закани до гласачи

Лозово, ОУ – с. Дорфулија, ИМ 1708, Градоначалникот на една општина , воедно партиски набљудувач, излегува надвор од избирачкото место и агитира на избирачите.

Тетово, сТеарце ООУ „Кирил Печиновиќ“ Тетово, ИМ 2010,2011,2012,2013 и 2014, Во непосредна близина на избирачкото место има залепени плакати од политичка партија.

Неовластено присуство на избирачко место

Радовиш, ОУ – с. Сулдурци, ИМ 1593, Гласач кој не бил заведен како гласач на тоа ИМ бил отстранет од страна на ИО, а тој продолжува постојано да се движи околу ИМ.

Нарушување на тајност на гласањето

Ранковце, ОУ – с. Ранковце, ИМ ‘0987 Фотографирање на гласачко ливче од страна на гласач.

Аеродром, Оу „Гоце Делчев“ Горно Лисиче, ИМ ‘0725, Имињата на гласачите се изговараат на глас

Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0046 читање на гласачите на глас;

Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0048  читање на глас имиња на гласачите;

Аеродром, ОУ Љубен Лапе, ИМ 2755, член на ИО на глас чита матични броеви на гласачи,

Куманово, Гимназија Гоце Делчев (главен влез), ИМ 1074, Компјутер со камера е свртен директно кон влезната врата и гледа во ИО, во набљудувачите и во гласачите кои влегуваат во ИМ. Не може да се забележи дали камерата е вклучена или не.

Куманово, Школска амбуланта, ИМ 1069, Низ амбулантата има безбедносни камери кои не се покриени/заштитени и не е јасно дали се во функција и снимаат. Дел до камерите буквално имаат увид и зад гласачките паравани.

Кисела Вода, ЦОУ „Круме Кепески“, ИМ 2761, Се читаат имињата и презимињата на гласачите на глас од страна на ИО.

Повреда на избирачко право

Сарај, ООУ „Дитуриа“, ИМ 2433, Гласањето се уште не е започнато до 9:30 часот.

Центар, ООУ „Коле Неделковски“, ИМ ‘2867/1 Гласањето не е почнато.

Проблеми со ФА/ УБИГ

Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0046 проблеми со ФП не пронаоѓа гласачи

Чешиново-Облешево, ОУ – с. Спанчево, ИМ 0087, Поради проблем со УБИГ-от, гласањето се уште не е почнато на ова ИМ.

Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ ‘0058, проблем со наогање на гласачи во ФП

Центар, Дом на АРМ, ИМ 2815, Гласањето е започнато дури во 09:45, поради немање на корисничко име и лозинка за пристап кон УБИГ-от.

Битола, ОУ Кирил и Методиј, ИМ 0059, 6 лица не ги фаќал ФП

Повреда на КОВИД протоколи

Тетово, с. Лешок, ИМ 2009, На избирачкото место лице кое е претставник од избирачкиот одбор не носи маска со што ги прекршува Ковид протоколите за одвивање на изборниот процес

Аеродром, Оу „Гоце Делчев“ Горно Лисиче, ИМ ‘0728, На првиот гласач му се овозможува гласање без маска .Притоа не е ниту опоменат од избирачкиот одбор

Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ ‘0058,  се примаат гласачи без заштитни маски

Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0046 членови на ИО не носат маски;

Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0054 членови на ИО не носат маски

Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0048 членови на ИО не носат маски;

Охрид, ОУ – с. Велгошти, ИМ 1298/1, Членовите на ИО воопшто не носат заштитни маски.

Бутел, ОУ Живко Брајковски, ИМ ‘2911/1, ИО не носи заштитни маски.

Помагање при гласање, гласање за друг, семејно гласање

Ранковце, ОУ – с. Ранковце, ИМ ‘0987 Злоупотреба на гласањето со придружба.

Непристапност, повреда на гласачко право на лица со посебни потреби

Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0048 нема параван за лица со инвалидитет:

Василево, ОУ Гоце Делчев – с. Василево, ИМ ‘1800/1, Не е поставен третиот гласачки параван за луѓе со физичка попреченост

Аеродром, ООУ „Блаже Конески“, ИМ 2684, Не е поставен третиот параван за гласачи со физичка попреченост.

Случај пријавен од Инклузива Куманово, ИМ 1063 (ФОТО)

Други нерегуларности

Тетово, ОУ „Братство-Миѓени“, ИМ 1972, Гласач се обидел да гласа без прикажување лична карта, при што ИО постапило според правилата, односно, не дозволиле да помине. Гласачот реагирал и при излегување ги фотографирал членовите од ИО, но од ИО повикале полиција и направиле записник.

Битола, ОУ Таки Даскало, 0048 едно лице гласа без лична карта, ја заборавил л.к дома, а ИО му дозволиле да гласа

Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0057 се запишал во погрешно место наместо на друг гласач и го завеле во дневникот

Василево, Дом на култура – с. Градошорци, ИМ 1802, Претставник на подносител на листа (партиски набљудувач) пуши цигари во затворен простор, на самото ИМ.

Ѓорче Петров, ООУ С. Пинџур, ИМ ‘2581/1, Двајца од членовите на ИО, користат селотејп за лепење на кочанот со гласачките ливчиња.

Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0057  просторијата за гласање е ладна

Куманово, ЈП Пазариште, ИМ 1033, Вратата од ИМ е постојано затворена, при секое влегување и излегување на гласачите се затвора.

Аеродром, ОУ Љубен Лапе, ИМ 2755,  претседателката на ИО бурно реагирала на глас низ ходникот поради немање на сапун и немање на хигиена во тоалетите.

Аеродром, ОУ Љубен Лапе, ИМ 2755,  претседателката на ИО немала намера да испраќа периодично извештај до ДИК, затоа што и другите ИО не го правеле тоа, а и нема намера да плаќа дополнително за интернет од свој џеб.

Аеродром, ОУ Љубен Лапе, ИМ2753 претседателката на ИО се жали на големиот број на гласачи во ова ИМ ( 1703 гласачи) смета дека треба да се поделат гласачите на две избирачки места

Лозово, ОУ – с. Дорфулија, ИМ 1708, Градоначалникот на Св. Николе кој е избран во прв круг се јавува како партиски набљудувач на изборите во о. Лозово во втор круг.

Чашка, ИМ  2228, Член на избирачкиот одбор не носи легитимација од ДИК бидејќи ја има заборавено дома.

Кичево, ОУ „Маршал Тито“, ИМ ‘0723, Вратат на избирачкото место е затворена со образложение дека е студено,и

Кичево, ОУ „Маршал Тито“, ИМ ‘0723,  кутијата во која се ставаат гласачките ливчиња е означена погрешно, наместо за совет на општина која ја имаат залепено, треба да стои за избор на градоначалник.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ