• Latest

Избори и толку од Мицкоски

October 21, 2019
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Избори и толку од Мицкоски

Во партијата Мицкоски ќе биде запаметен како клон кој не успеа да се извлече од скутот на својот ментор. Тој не разбра дека тоа што некој во некои внатрешно партиски околности го сместил на челната позиција не е никаква гаранција што ќе му обезбеди изборна победа и премиерска фотелја...

October 21, 2019 08:57
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

oд корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

И сега Мицкоски, што? Удолу длабоко, угоре високо. Еве го април и бараните сто дена. Ја почна премиерската амбиција во опозиција, ќе си ја заврши во опозиција. Утешната награда ќе е сите па и тој во влада ама најмногу на столчето до премиерот.

Каков и да е епилогот по најавеното априлско малтретирање на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да почне да си одгледува нова матица. Идентично онака како што тоа го прават пчелите во кошарите, кога ројот со старата дама ќе мигрира во нова покомотна дестинација, во случајов во Будим или во Пешта, неважно. Големата политичка партија во старото коруптивно јато ќе мора да бара, да изнедри примерок и да почне да одгледува нова кралица. Нов партиски претседател со надеж дека ќе прерасне во лидер.

Со Христијан Мицкоски, насадениот престолонаследник, партијата не се усреќи. Од неговата уста продолжува да зборува Никола Груевски. Тој не изнедри ниту една нова политичка димензија. Ниту една нова радикална, а современа идеја. И во опозиција ја продолжи поразената партиска доктрина на својот претходник.

Во партијата Мицкоски ќе биде запаметен како клон кој не успеа да се извлече од скутот на својот ментор. Тој не разбра дека тоа што некој во некои внатрешно партиски околности го сместил на челната позиција не е никаква гаранција што ќе му обезбеди изборна победа и премиерска фотелја. Не со стариот тим и со старата реторика со изветвена манипулативна национал популистичка матрица и со континуитетот на форсирање лажен патриотизам. И особено не со негаторска политичката доктрина. Со  „не“ за се што на Македонија ѝ отвора меѓународни перспектитви. Не за рамковниот, не за референдумот, не за уставот, не со Грција, не со Бугарија…

Христијан нема да дочека изборна победа.

Имаше шанса. Имаше многу шанси и доволно мирно опозициско време да ја европеизира ВМРО – ДПМНЕ. Но тој не повлече ниту еден потребен, полезен, рационален и храбар потег.

Ниту им се извини на граѓаните за сѐ што слушнаа во бомбите;

Ниту се дистанцираше од тоталитарното владеење;

Нити се огради од криминалот;

Ниту се откажа од луксузниот партиски дворец, симболот на богатството на најбогатата партија во најсиромашната држава;

Ниту за децениската окупацијата врз медиумите;

Ниту за скопскиот урбан кич;

Ниту за изборните кражби;

Ниту за уцените врз гласачите;

Ниту за децениските назадувања на земјата детектирани во европски извештаи.

И сега пак исто. Еве, на уште не почната изборна кампања, се расфрла со фантазии. Ќе ја исправал неправдата. Ќе го менувал Преспанскиот.

Но луѓето веќе не примаат ветувања ами прашуваат како и прашуваат кога.

 

Да, Христијан Мицкоски ја има демагогијата. Но тој ги нема одговорите.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ