• Latest

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025 22:15
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Втората недела од кампањата за локалните избори 2025 започна денеска. Претставувањата на кандидатите за градоначалници и советници продолжува, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии.

Алијансата за Албанците : ВЛЕН го отвора патот за српско влијание во стратешкиот енергетски сектор

Алијансата за Албанците ја изразува својата најдлабока загриженост и со висока граѓанска и национална одговорност го осудува еден невиден скандал којшто директно ја загрозува енергетската безбедност и институционалниот суверенитет на државата.

Станува збор за одлука донесена од страна на генералниот директор на МЕПСО, Бурим Латифи, братучед на првиот вицепремиер Изет Меџити, кој на 27 август 2025 година потпишал договор за соработка со српската компанија „ИМП-Телекомуникаци ДОО Белград“, со предмет на договорот – набавка на уреди за телеконтрола на 400 kV далекуводот Скопје–Врање.

Овој акт, кој на прв поглед може да изгледа како обична техничка процедура, всушност претставува стратешки и политички ризик, претворајќи го едноставниот комерцијален договор во инструмент за проширување на влијанието на „српскиот свет“ врз енергетскиот систем на Северна Македонија – земја членка на НАТО и дел од евроатлантската безбедносна архитектура.

Мицкоски на митингот во Македонски Брод: Јасни правила, транспарентни процеси и нулта толеранција кон корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес се на митинзи во Долнени, Македонски Брод и во Кичево. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Македонски Брод, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година порача дека Судството мора да биде непристрасно и непокорливо, судиите да судат според законот, а не според влијанија.

Тој нагласи дека треба да се постават јасни правила, транспарентни процеси и нулта толеранција кон корупцијата која, според него, тоне животи и ја кочи промената. Ги повика граѓаните да излезат на 19 октомври и да гласаат за број 9.

Димитриевски-ЗНАМ: Лабудовиќ во Центар ќе биде подобар градоначалник од мене

Лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, во емотивен говор на промоцијата на кандидатурата за градоначалник и советничката листа за Општина Центар, изнесе серија причини и аргументи зошто Мирослав Лабудовиќ е најдобриот можен избор за градоначалник на централната скопска општина

Филипче од Карпош: Власт која ја губи довербата од народот измислува непријатели за да ја скрие вистината.

СДСМ денес е во Илинден, Петровец, Карпош и Центар. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва, од граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Карпош порача дека власт која ја губи довербата од народот измислува непријатели за да ја скрие вистината.

Тој ја осуди, како што рече, црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека таа кампања е доказ за неспособност и страв од народот.

Според него, „оваа власт се храни и одржува од внатрешни поделби, од сиромаштија која ја контролира со корупција и од хаос во кој се создава апатија“. Повика на единство, разум и отпор против лагите и поделбите.

Сабри Азири: На 19 октомври Бујар Османи ќе биде пациент на гласачите од Чаир

На денешната прес-конференција, портпаролот на Локалниот штаб на ВРЕДИ во Чаир, Сабри Азири, беше пред гинеколошката болница “Мајка Тереза“ во Чаир, за да зборува за познатиот проект на реконструкција, чиј епилог заврши со корупциски скандал познат како “Пациент“.

Со кој образ денес Бујар Османи им ветува проекти на жителите на Чаир, кога тогаш, кога имаше цела деценија во централната власт, буквално не мрдна со прст за своите сограѓани? Жителите на Чаир не забораваат. Точно знаат кој е навистина со нив цело време, а кој доаѓа кај нив само пред избори. На 19 октомври Бујар Османи ќе биде пациентот на гласачите на Чаир, кои масовно ќе му ја отворат
излезната врата од политиката”, нагласи на крај портпаролот, Сабри Азири.

Шукова од митингот во Карпош: Градот го претворија во џунгла

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, ги претстави клучните приоритети на својата програма – функционални јавни претпријатија, уреден сообраќај, повеќе зеленило и современо, дигитално Скопје.

-Ова не е само лична кампања, ова е заедничка мисија да изградиме модерно, чисто и функционално Скопје, град што ќе биде наш дом, а не извор на секојдневни нервози, изјави Шукова, нагласувајќи дека решенијата што ги нуди се реални и проверени.

Таа остро се осврна на неуспесите на актуелната градска власт, истакнувајќи дека четири години граѓаните живеат без основни услуги. -Немаме редовно подигање на сметот, немаме вода во високите зони, јавниот превоз е нефункционален, а парковите и улиците се запуштени. Градот го претворија во џунгла, рече таа.

Шукова најави целосна реорганизација на јавните претпријатија и обновување на постојната инфраструктура.

Ѓорѓиевски ја претстави зелената визија за Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска, во рамки на предизборната кампања за претстојните локални избори, го презентираше планираниот проект за изградба на мегапарк долж течението на реката Лепенец на потегот помеѓу Бардовци – Злокуќани – Даме Груев, којшто ќе опфаќа површина од над 300.000  квадратни метри.

Визијата за зелено Скопје, рече, нема да застане со овие проекти. Тој истакна дека предвидени се проекти за изградба на мегапарк на моменталната дива депонија Вардариште, мегапарк долж булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, како и градска шума во Расадник во Кисела Вода, целосна обнова на Градскиот парк во Скопје и Паркот на природата во Гази Баба.

Левица на неформална средба со граѓани во Делчево

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов и носителот на советничката листа во Делчево, Тони Стаменковски, во рамки на активностите за локалните избори денеска одржаа неформална средба со граѓаните, каде ја истакнаа улогата на партијата во борбата против непотизмот и лошите политики на локално и национално ниво.

Бујар Османи: Чаир бара систематски пристап, а не предизборен асфалт на еден месец пред избори

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, во одговор на новинарско прашање, упати силна порака за потребата од дисциплина, систематска работа и лична посветеност како предуслов за вистински промени во општината. Тој предупреди дека Чаир се соочува со опасност од целосен колапс на основните функции на животот, доколку продолжи досегашното неработење и отсуството на визија,  се наведува во соопштението од кандидатот за градоначалник на општина Чаир од Националната алијанса за интеграција (НАИ) Бујар Османи.

„Чаир бара систематски пристап, а не предизборен асфалт на еден месец пред избори, сметајќи дека така ќе може да се манипулираат луѓето“, рече Османи

М. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: изборна кампањаЛокални избори 2025политички партии
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ