• Latest

Изборниот систем на Северна Македонија одамна е зрел за коренити реформи

July 18, 2019

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025

Сериозни повреди на демократските принципи пред локалните избори 2025 – Движењето Слободни и независни бара итна реакција од институциите

October 10, 2025

По 8 месеци криза, конституирано е косовското собрание

October 10, 2025

Играта со меѓуетничките односи: Стратегија или опасен политички потег?

October 10, 2025

Зекирија Шаини: Сакаат да ме дискредитираат, мојата сопруга нема врска со пукањето – институциите нека го најдат вистинскиот сторител!

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Изборниот систем на Северна Македонија одамна е зрел за коренити реформи

Ова се само клучните препораки на ЦИВИЛ што се однесуваат на системските промени пред длабински да се навлезе во целосна анализа на изборните процеси, чија крајна цел се очекува да биде сериозни реформи на изборниот систем во нашата земја. Во својата работа и комуникација со јавноста, ЦИВИЛ подготви и сподели стотици документи со извештаи, соопштенија, анализи и препораки до институциите, политичките партии, Владата, парламентот, медиумите и другите засегнати страни и носители на одлуки во земјата. Цврста определба на организацијата е да продолжи со истото темпо да ги мониторира настаните и процесите во изборен контекст, а своите анализи и препораки да ги доставува до релевантните институции и до јавноста.

July 18, 2019 12:45
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

ЦИВИЛ ги мониторира изборните процеси, вклучително и референдумите на локално и национално ниво, од 2008 година па наваму. Следењето на општествената и политичката состојба, во доменот на човековите права и слободи, мир, ненасилство, социјална правда, слободата на говор и слободата на медиумите, превенција од вооружено насилство, е нешто што будно и во континуитет се одвива на дневна основа.

ЦИВИЛ, како организација, вклучувајќи ги и бројните проекти и активности во доменот на уметноста и културата, образованието и граѓанската едукација, секогаш е гласна, будна и бескомпромисна во своите барања за почитување на човековите права, за слободно и демократско општество. Така, кога станува збор за заштита на гласачките права во било кој контекст, во изборна година или не, ЦИВИЛ не отстапува од своите заложби и барања. Впрочем, сите проекти и активности поврзани со изборните процеси, се спроведуваат од позиција на одбрана на гласачките права, а појдовниот став и принцип е: ДРЖАВАТА ИМА ОБВРСКА ДА ОБЕЗБЕДИ МАКСИМАЛНИ УСЛОВИ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ И ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ГЛАС НА СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ.

ИЗБОРЕН МОДЕЛ СПОРЕД ПРЕПОРАКИТЕ НА ЦИВИЛ

Со спојувањето на сите шест изборни единици во една, системот ќе обезбеди повеќе можности за помалите политички партии и различни заедници за да се натпреваруваат за застапеност во парламентот. Ова ќе придонесе кон надминување на доминацијата на само неколку големи политички партии на политичката сцена и ситуација во која помалите политички партии немаат друга опција освен да влезат во коалиција во која служат исклучиво како бројка, без можности соодветно да ги претставуваат оние кои ги избрале.

Ова, исто така, ќе ги олесни компликациите околу различниот и непропорционален број на гласачи во изборните единици, како што е случајот со години наназад. Со отворени листи, за гласачите ќе имаат поголема контрола врз тоа кого ќе го изберат како претставник во општината/градот, државата, односно Собранието.

Изборниот модел никогаш не претрпе промени и не се земени предвид решенија кои би воделе кон застапеност на сите заедници и на помали политички партии, каков што е моделот според кој целата земја би била една изборна единица.

Во исто време, отворените листи на кандидати ќе обезбедат поголема демократија во рамките на политичките партии, а што е уште поважно, ќе ја зголемат одговорноста на пратениците. Гласањето на дијаспората мора да се редефинира за да се обезбеди вредноста на гласот од дијаспората да биде еднаков на оној на гласачите во земјата. Најефикасниот начин да се постигне ова би било да се претвори државата во една изборна единица, во која што и дијаспората би гласала.

ЦИВИЛ веќе одамна предложи намалување на собранието на 80 пратеници и низа други реформи во политичкиот систем и практикувањето на власта.

РЕФОРМИ ВО ДИК

Иако, ДИК претрпе драстични промени, сепак, остануваат сомнежите за партиско инволвирање во неговиот состав. Сегашниот состав на ДИК е формиран на 25 јули 2018 година непосредно пред распишување на Референдумот за името. За членовите на ДИК гласаа пратениците од сите партии, кои се договорија привремениот состав на ДИК да биде избран по стариот модел односно со членови предложени од партиите со најмногу освоени гласови на последните избори.

Препораката на ЦИВИЛ дека ДИК треба да се формира врз база на независни експерти во областа на изборното право, остана како опција за некои други времиња, кога нема да важи изговорот дека има политичка криза, предвремени избори, неодложен референдум, Но привремениот состав на ДИК полека зема замав на постојан со пет годишен мандат.

Препораката дека ДИК треба да биде главен носител на сите активности поврзани со изборите со зголемување на ингеренциите, делумно се оствари со промените во Изборниот законик, кои на лидерска средба беа договорени, подеднакво како и составот на ДИК, но повеќе во контекст на префрлање на дел од одговорностите околу финансирањето на политичките партии на ДЗР и ДКСК и регулација на средствата за изборна кампања, за потребите на претседателските избори во 2019.

ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК

Изборниот законик што е главното средство за спроведување на изборните процеси треба да се напише од ново е препораката на ЦИВИЛ. Иако во последните години се инсистираше на промени што би го заштитиле гласачкото право, воведување на построги санкции и одговорност за изборни нерегуларности и прекршоци од изборната администрација, поинаков пристап и рестрикции во медиумското известување со цел објективно, избалансирано и навремено информирање на граѓанките и граѓаните за текот на изборните процеси, ЦИВИЛ од денешна перспектива бара нов, одново составен Изборен законик.

И самиот Претседател на ДИК, Оливер Деркоски, на конференцијата „Какви избори – таква иднина“, ги потврди долгогодишните заложби на ЦИВИЛ за подготовка на нов Изборен законик, па истакна дека Изборниот законик е менуван повеќе од 30 пати. Наместо усовршување, тој стана хаотичен и некомпатибилен со останатите закони, како Кривичниот законик, Законот за спречување на корупција и судир на интереси, клучни за спречување и санкционирање на изборни нерегуларности.

Затоа ЦИВИЛ бара целосно реформирање на законикот, но не на истиот начин на кој се правеа во пролетта 2018 година по иницирање на Министерството за правда, учество на политички партии и граѓански организации за формално да се покаже дека се работи на случајот, за подоцна Собранието да ги изгласа онака како што се договориле лидерите на поголемите политички партии.

Воедно, ЦИВИЛ инсистира на целосна хармонизација на новиот Изборен законик со останатите закони што влијаат на изборните процеси, како и хармонизација на самите институции што целосно, навремено, транспарентно и објективно, без партиски влијанија ќе ги спроведуваат овие закони.

ЦИВИЛ препорачува во новиот Изборен законик, овластени лица за поднесување на приговори да бидат и релевантни организации, домашни и меѓународни, што се специјализирани за мониторинг на изборните процеси, со што ќе се избегне партиското влијание на крајниот исход на изборите со преоптоварување на службите на ДИК со нерелевантни приговори. Како објективна страна, овие мониторинг организации можат да придонесат во превенција од изборни нерегуларности.

ИЗБОРНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Препораката на ЦИВИЛ во однос на изборната администрација е во насока на овозможување на Општинските изборни комисии (ОИК) да функционираат без оглед на финансиската состојба на општините и треба да бидат финансирани од државата. Членовите на ОИК треба да бидат независни, обучени експерти, а не претставници на политички партии или политички интереси. Општинските изборни комисии не смеат да останат само уште едно место за партиско вработување. Мора да им биде овозможено да ја зголемат својата ефикасност, одговорност и транспарентност. Во исто време, ОИК мора да бидат намалени до рационални пропорции.

Членовите на избирачките одбори во многу наврати покажаа тотално незнаење и го прекршија Изборниот законик и процедурите за време на изборите. Во иднина, ДИК мора да воведе поефикасна и потемелна обука на Избирачките одбори, врз основа на пракса и наоди од мисиите за мониторинг на изборите и приговорите на граѓаните.

Пристапноста на избирачките места мора да стане реалност, а не декларативен став. Повеќе од една третина од избирачките места во земјата не се достапни за лицата со посебни потреби. Владата и ДИК треба да ги идентификуваат сите избирачки места со прашањата за пристапност и да ги направат 100% достапни. Изборниот материјал (гласачки ливчиња, насоки, итн.) мора да биде разбирлив и достапен за сите, вклучувајќи ги и лицата со оштетен вид.

Родовата рамнотежа треба да стане цврст критериум. Секаде каде што бројот на членови на некоја структура е непарен, процентот треба да биде во корист на женските членови, почнувајќи од составот на членовите на Комисијата.

ИЗБИРАЧКИ СПИСОК

Со оглед дека најголемиот проблем и најголемите неправилности со Избирачкиот список се случуваат многу порано, токму во времето додека трае јавниот увид кога најголемиот дел од пријавите на граѓаните се однесуваат на таканаречените фантомски гласачи, препораката на ЦИВИЛ е целосна ревизија на Избирачкиот список затоа што уште одамна е во катастрофална состојба која само од изборен циклус во изборен циклус само се продлабочуваше.

Напорите за подобрување на Избирачкиот список треба да одат паралелно со подобрувања во повеќе области. Една од мерките секако е потребата од подобрување на текстот на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето, како и неговата доследна примена, за да се избегнат дополнителни манипулации со бројот на гласачите и демографската интервенција. Погрешна е перцепцијата дека пописот пресудно влијае на квалитетот на Избирачкиот список, бидејќи се работи за две сосема различни операции.

*

ЗАВРШНА БЕЛЕШКА Ова се само клучните препораки на ЦИВИЛ што се однесуваат на системските промени пред длабински да се навлезе во целосна анализа на изборните процеси, чија крајна цел се очекува да биде сериозни реформи на изборниот систем во нашата земја. Во својата работа и комуникација со јавноста, ЦИВИЛ подготви и сподели стотици документи со извештаи, соопштенија, анализи и препораки до институциите, политичките партии, Владата, парламентот, медиумите и другите засегнати страни и носители на одлуки во земјата. Цврста определба на организацијата е да продолжи со истото темпо да ги мониторира настаните и процесите во изборен контекст, а своите анализи и препораки да ги доставува до релевантните институции и до јавноста.

 


РЕСУРСИ

Линкови до публикации посветени на изборните процеси во издание на ЦИВИЛ, достапни во онлајн Библиотеката на ЦИВИЛ:

Бескурпулозна борба за власт (2013)

Избори 2014: Дисквалификувана демократија (2014)

Моето гласачко право (2015)

Слободни избори: Услов за кој не се преговара (2016)

Избори 2016 – Финален извештај од долгорочниот мониторинг на политичкиот процес и предвремените парламентарни избори во Република Македонија (2017)

Ветувања и злоупотреби (2018)

Сѐ што сакавте да знаете за изборите (2019)

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share71Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ