• Latest

Изборниот законик да се фрли во канта!

April 24, 2019

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Америка гласа за својата иднина и за иднината на светот: Доминација на Трамп или рамнотежа на политичките сили во Вашингтон

November 3, 2026

Андонов: Мицкоски е сам против себе и против сите нас

November 3, 2026
Илустрација: ВИ

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026
БАНКАТА НА КОЛЕНА - РЕКЛАМАТА АКТИВНА | снимка од веб страницата на банката на 3 ноември 2026

Алта банка Битола под тримесечна администрација: Тројца администратори, ограничени плаќања и отворени прашања за одговорноста

November 3, 2026
Илијана Јотова, претседателка на Бугарија (Фото: Скриншот од Фејсбук видео)

Јотова избрана за претседателка на Бугарија: Нов мандат, непроменети позиции кон Северна Македонија

November 3, 2026

Среднорочни избори во САД: Трамп пред тестот на гласачите, неизвесна битката за Конгресот

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Изборниот законик да се фрли во канта!

April 24, 2019 08:46
in ИЗБОРИ, КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Немало печат на гласачките ливчиња, поништи ги… Ама изборната администрација заборавила да стави печат! Па што ако, поништи ги, тоа се само гласови, ништо особено.

Целото семејство отсекогаш гласа на истото избирачко место. Сега, еден е избришан, еден го преместиле на друго избирачко место. Малтретирање, нервози, понижувања… Де, де, голема работа, тоа се само гласачи.

Џабир Дерала

Сметки, покани за суд, полиција на врата, сѐ за некој што никогаш не сте го виделе, а живее под вашиот покрив. Фантом. Е, сега претерувате! Ситница! Мала грешка во системот. Па мора и фантомите некаде да живеат! И тие се гласачи! И навистина, што ќе прави Грујо ако се врати во политиката, наместо во затвор? Како ќе мести избори?

Да, тоа се само гласачи. Обични вреќи од коски и месо. Неважна роба на долните рафтови на продавницата за шарени лаги.

Стотици, илјадници (!) страници испишавме со овие случаи, дадовме предлози како да се решат проблемите. Избирачкиот список е добар, тврдат институциите пред секои избори. На денот на гласање – купишта проблеми. Е, ама чекајте, тоа што го говорите вие е последица од Изборниот законик, тој е троа излижан!

Да се само гласачите… На крајот на краиштата, нели, тие се неважни. Нивниот кусок секогаш може да се надоместат со фантоми, политички и социјален инженеринг, нови поделби, толкувања, амандмани, подзаконски акти… Кога ни тоа не бива, почнуваат пазарлаци…

Изборниот законик е како швајцарско сирење. И првиот човек на Државната комисија кажа дека не го бива! Конечно, некој од одговорно место (барем така вели законот) да го потврди тоа што со години го повторуваме. И, отприлика таму некаде завршува приказната…

Не знам дали веќе сум ви раскажал како течеше процесот на измени во Изборниот законик, тоа е посебно комична сторија со трагични елементи. Ајде, накратко… Пред референдумот, на самиот раб на правните и демократските стандарди (ако сакаме да бидеме попустливи), Правда, странците и ен-џи-о експерти, но и многу фолиранти, организираа серија консултативни средби за измените. Сѐ заедно испадна дека е само уште една димна завеса со која изгледаше како да се работи за партиципативен процес, ама Собранието си донесе измени по свое. Не сум сигурен дека ги прочитале, ако воопшто ги добиле препораките од тој процес. Знаете што? Ама баш ич не е важно.

Деновиве добивам многу повици од различни страни, меѓу кои и новинарски прашања за тоа што не чини во Изборниот законик. Изморен сум од тоа да го одговарам прашањето за кое сум испишал стотици страници и сум говорел безброј пати. Без успех.

Решив да ја скратам приказната и го кажав, отприлика, следното:

Нема потреба од нови корекции на Изборниот законик, мора да престанеме со прекројување на старо одело на кое му фалат ракави, копчиња и преполно е со дупки што ги направиле злонамерни или неспособни политички молци и стаорци. Изборниот законик, едноставно, треба да се прогласи за отпад, без можности да се рециклира. Да се напише нов Изборен законик!

И не е само Изборниот законик. Постојат законски одредби што ја третираат изборната материја, а кои не се во меѓусебна хармонија, не се усогласени, а често се и контрадикторни самите во и меѓу себе. Откако ќе се напише новиот Изборен законик, тој треба да се хармонизира со сите останати закони што имаат влијание врз изборните процеси. Погодувате, тука најмногу мислам на борбата против корупцијата. Јас не сум правник и немам намера да бидам. Ама знам што е правда и владеење на правото. Знаат повеќето луѓе, без оглед дали живеат на село или в град. А најдобро знаат тие што се паталци, а еден од нив сум и јас.

Немам намера да пишувам закони, за тоа има луѓе што сите ние ги плаќаме. Законите мора да ги пишуваат експерти и практичари, а не политичари.

Има нешто нејасно тука?

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share50TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ