• Latest

Изгорена од жарот на сопствената пропаганда

December 2, 2023
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Изгорена од жарот на сопствената пропаганда

December 2, 2023 21:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

МИРОСЛАВ ЈОВАНОВИЌ/ СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

По повод објавата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на Телеграм во која го обвини „Слободен печат“ дека нема храброст да зборува за бескрупулозноста на американските манипулации, но, како што вели, имаше храброст да објави наслов „Сите се против Лавров“

Народите на Балканот по правило биле „претплатени“ (и таа претплата сѐ уште трае) на интензивен курс по историја и општество, каде како една од главните придобивки се јавува изреката дека на народот не можете да му „продадете рог за свеќа“. Дури и привремената успешност на таа операција низ историски периоди не ја поништува суштината на изреката и финалниот исход.

Во време на поствистината,  која, за жал, секојдневно  и незадржливо надоаѓа кон нашите умови и мисли како брз, забрефтан воз,  притоа уништувајќи ги границите помеѓу вистината и нејзиниот пра непријател – шпекулацијата, Вашиот коментар за насловната страна на „Слободен печат“ (ни правите особена чест) ме потсети на една од мноштвото познати изјави на  Оскар Вајлд која гласи: „ Има само едно нешто на светот полошо од тоа да бидете озборувани, а тоа е да не бидете озборувани“.

За да им биде појасно на нашите читатели, на прес конференцијата по повод самитот на ОБСЕ во Скопје  – г-ѓо Захарова напишавте на „Телеграм“, цитираме : „Што е лажно? Практична анализа. Првиот македонски весник (се мисли на „Слободен печат“) објавува фотографија која е направена ПРЕД состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ. Не е официјално, бидејќи средбата беше отворена дури следниот ден. Но, весникот немаше храброст да зборува за ова и да зборува за бескрупулозноста на американските манипулации, чија пропагандна цел беше да демонстрира антируски жар. Но, тие имаа храброст да објават наслов дека ‘Сите се против Лавров‘“.

За волја на вистината, ме ставивте во мисла; се прашувам, дали во извршувањето на своите должности министрите за надворешни работи и владини претставници на приближно 60 земји членки на ОБСЕ – ПРЕД официјалното започнување на состанокот на организацијата и последователно објавување на фотографијата на „Слободен печат“  – ги „ставија на пауза“ своите овластувања, должности и државнички обврски сѐ до официјалниот почеток на состанокот, или чекаа да се разбудат на денот на официјалниот почеток на конференцијата, за да се потсетат на сѐ она поради што се во Скопје? Толку за фотографијата  и коментарот „пред“ и „по“… За наша среќа, за изречен збор во јавност, критика или теза против власта или центрите на моќ, во нашата земја и општество не е потребна „храброст“,  туку журналистички професионализам и почитување на фактите, секако не под закана од долгогодишна затворска казна. Факт е дека на самитот на ОБСЕ, Вашиот министер за надворешни работи беше повеќе од игнориран од присутните министри од други земји членки на ОБСЕ (чест на неколку исклучоци, за да се потврди правилото); тој факт ја „заслужи“ насловната страна на нашиот медиум. Поистоветувањето на политиката која ја застапувате  – со руската нација, вис а вис „анти рускиот жар“ и слични наративи е гротескно; дозволете да Ве потсетам; Достојевски, Пушкин, Рахмањинов, Менделеев, Мусоргски (последниов, една од улиците во Скопје го носи неговото име) и други,  се подеднакво наши колку се и Вaши. Тие му припаѓаат на светот и тоа не по Ваша заслуга или дозвола. Големата руска нација постоела пред Вас и ќе продолжи да постои по Вас.

Нашата заедничка куќа Македонија, не по наша вина, е изградена на балкански крстопат; понекогаш патникот намерник или гостин ќе ви донесе јаболко како подарок, убав збор, некогаш ќе ви ја разниша или искрши оградата околу куќата, некогаш ќе ве пофали за домаќинлак, а некогаш ќе ве навреди со најпогрдни зборови или ќе изврши насилен грабеж на сето свето од вашиот дом, а често се случувало она најлоштото, со пушка да ви влезе во дворот и да ви го десеткува семејството. Последново посебно го згрозува секој нормален човек; не постои наратив во светот или спин кој ќе оправда општествена девастација на соседна земја, вооружена агресија, погром. Многу едноставно. Сепак, можете Вие подобро..

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ