• Latest

Изгубени во преводот

April 15, 2019

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изгубени во преводот

April 15, 2019 14:16
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Маја Ивановска

Изборна хроника на ЦИВИЛ, недела, 14 април 2019

Петнаесеттиот ден од кампањата го одбележаа централниот митинг на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, во Скопје, митингот на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, во Велес и митингот на кандидатот за претседател, Блерим Река, во Желино.

Ако претходниот ден, Силјановска го искористи просторот пред Владата на Република Северна Македонија, како своевиден протест, наместо предизборен централен митинг, Пендаровски вчера централниот митинг го одржа пред седиштето на ЕУ делегацијата, со намера, уште еднаш да ја потврди заложбата за напредок и влез во Европската Унија.

Иако до првиот круг од изборите останаа само шест дена, од кои уште четири дена кандидатите можат да ги искористат за ефективно да се претстават пред граѓанките и граѓаните, се чини не постои надеж дека содржината и реториката со која се водат кампањите на сите кандидати ќе се смени во последен миг.

Констатациите од опозицијата за ужасната состојба во која се наоѓа државата, розовите очила на власта, обвинувања, па извинувања, зачинети со комични настапи на кандидатите во емисии од забавен карактер, со цел да се доближат до гласачите на еден поинтимен начин, направија пародија од претседателската кампања. Небаре ни претстои избор на дворски шут, а не претседател на држава.

Ниту на телевизиската дебата, која содржеше за нијанса посериозна атмосфера, не влеа надеж дека кандидатите се подеднакво свесни за трката во која се впуштени. Силјановска допрва ќе им посвети внимание на останатите етнички заедници, Река ќе се води од принципот на мултиетничка држава, а Пендаровски пак се смета за единствениот легитимен претставник кој има поддршка од сите етнички заедници. Трагично е што, токму со инсистирањето на мултиетничноста во своите говори, кандидатите сѐ повеќе ја потенцираат очигледната сегрегација во општеството.

Ниту петнаесеттиот ден од кампањата не изостанаа говорите на лидерите на двете најголеми политички партии во земјата. И повторно истите обвинувања. Ниту Заев, ниту Мицкоски не ја испуштија можноста за меѓусебно да си упатат пораки кои само ја потврдуваат констатацијата дека е сосема утната поентата и целта на предизборната кампања.

Или како што пишува Орданоски денеска: „Овде човек не може ни да се опушти во помислата дека, макар на едни избори, и без него во државата ќе се одбере вистинскиот пат“.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share54TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ