Авторката на учебникот по босански јазик, Изета Бабачиќ вели дека бразованието на мајчин јазик, од најрана возраст, е многу важно и основа за понатамошното учење и поттикнување на интересот за знаење кај децата.
– Сметам дека правото на образование на мајчин јазик е едно од најголемите добра за припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија, затоа при подготовката се водевме според принципите и критериумите кои се бараат и според позитивните реформи кои се работат во нашето образование. Учебниците имаат вредност за секое време за кое се користеле и така и ние се потрудивме да креираме учебници за ова време и работевме според наставната програма, вели Бабачиќ, која заедно со Аида Зуковиќ се авторки на учебникот по босански јазик.
– Отворен Балкан е демонстрација на прогрес, наш чекор кон кој сме упатени следејќи ја мнозинската волја на нашите народи. Нема веќе чекање и нема отфрлање. Сечија поддршка е добредојдена на овој наш заеднички европски пат, а најмногу е добредојдена поддршката од Европската унија како наш природен, очекуван и долго повикуван партнер, вели премиерот Заев во текстот за „Политика“.
-Од 16 август, во внатрешните простории не може да влезат гости. Надвор, на терасите, треба да се почитуваат протоколите и плус сега со дополнувањето да се има потврда за вакцинација. Од 16 август нема да има свадби и прослави во затворен простор. На отворено, како што се бара потврда за вакцинација во угостителските објекти, така ќе се бара и за тие кои организираат свадби и прослави гостите да покажат потврда дека се вакцинирани, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, дополнувајќи дека остануваат претходно донесените протоколи за угостителските објекти, сега дополнително со новата мерка. Ако сакате да пиете кафе, вакцинирајте се, порача Бектеши.