• Latest
Photo by Jonathan Farber on Unsplash

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Пендаровски, Маричиќ, Палмер, Битиќи, Нуредини, Димитров

July 1, 2021
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Пендаровски, Маричиќ, Палмер, Битиќи, Нуредини, Димитров

July 1, 2021 19:00
in ДНЕВНИК, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Photo by Jonathan Farber on Unsplash

Photo by Jonathan Farber on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Пендаровски: Нормализирање и развој на економијата со заеднички напори, вакцинација и владеење на правото

„Без вакцинација нема сигурен развој на економијата и враќање во она што било претходно. Вашите проценти се нешто повисоки од нашите, но можам да кажам дека и кај нас во Северна Македонија има значително помасовна фаза на имунизацијата и очекувам дека во следните над месец и половина ќе дојдеме над половично мнозинство на вакцинирани, така што вратите пополека се отвораат за враќање на старите патеки“ рече Пендаровски.

Маричиќ: Регионот да се обедини во борбата против стереотипите, дезинформациите и корупцијата

„Улогата на медиумите е извонредно голема во кршењето на стереотипите и тие треба да бидат своевидна брана против говорот на омраза, хранењето на стереотипите и ширењето на лажните вести. Слободата на медиумите, за тие да можат соодветно да ја завршат својата важна општествена улога, е регионално прашање. Важна е улогата и на невладините организации во овие процеси. Јас доаѓам од граѓанскиот сектор и многу добро ја знам улогата на овие организации и во градењето на мостови меѓу државите во регионот. Тие можат да бидат катализатор во тешки политички процеси, кои се чести во нашиот регион“, истакна Маричиќ.

Палмер: Разочарани сме што Скопје и Тирана не ги почнаа преговорите, ЕУ мора да си ги исполни ветувањата

„Разочарани сме што прашањето за отворање на првите меѓу владини конференции за Северна Македонија и Албанија не беше решено и покрај силното застапување и разумните решенија на португалското претседателство и на силните европски партнери.  Нашите геополитички конкуренти агресивно се обидуваат да го нарушат кредибилитетот меѓу САД и ЕУ, а и самиот регион се сомнева во интегритетот на нашата колективна определба“ истакна Палмер.

Битиќи: Северна Македонија може да биде енергетски хаб на Балканот

„Преку развој на енергетскиот сектор Северна Македонија многу брзо може да прерасне во енергетски хаб на Балканот. Тоа е возможно преку диверзификација на изворите на енергија, односно создавање алтернативни и еколошки извори на енергија со кои нашата економија ќе ја подобри својата конкурентност но и трајно ќе го реши проблемот со енергетското загадување“, нагласи Битиќи.

Нуредини: Нашето членство во ППЦА ќе ја забраза транзицијата кон почисти извори на енергија

„Северна Македонија е многу амбициозна со поднесување, во текот на оваа година, на подобрениот Национален придонес кон Договорот од Париз обврзувајќи се на намалување на емисиите на стакленички гасови за 51 посто во 2030 година во споредба со нивото од 1990 година, што е еднакво на 82 отсто намалување на нето емисиите. Како држава чие производство на електрична енергија во голема мера се потпира на јаглен, со оддалечување од него, нашиот клучен предизвик е правичната транзиција. Со влегувањето во оваа Алијанса, веруваме дека можеме да соработуваме и да си помагаме едни на други во постигнувањето полесна и побрза транзиција кон почисти извори на енергија, што е ургентно за да можеме да ги постигнеме глобалните климатски цели“ истакна Нуредини.

Димитров: Прашањето за јазикот не е само одбрана на македонскиот туку и на европскиот идентитет и вредностите што ги промовира ЕУ

„Неприкосновено право на секој народ е правото на самоопределување и да го одбере јазикот на кој зборува. Тоа е право на луѓето што живеат тука, а не на друга држава или која било меѓународна организација. А прашањето за јазикот и оваа наша борба не е само одбрана на македонскиот идентитет, туку борба за зачувување на европскиот идентитет и вредностите што треба да ги предводи ЕУ“  истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќањето на Преспа форум дијалогот „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“ што од денеска се одржува во Охрид.

Ирена Крџиќ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ