поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Со измената на Изборниот законик, што се изврши пред неколку дена, им стана јасно и на тие што не знаеле, дека лажеле тие што до пред некој ден тврдеа дека измената не е можна пред изборите. Незгодата е во тоа што таквите типови, како и секогаш, и понатаму, ако им дозволат – ќе лажат.
*
„Најчистите национални ликови“, сопствениците на медиумите чии „буки“ не ги трпат, не ги пцујат по мајка, не ги пцујат тетовчаните со „свиња да ти ја *** мајката…“, не им пеат парастос на живи луѓе, не ги нарекуваат своите соработници со „канти“, „безобразни“ , „хулигани“ итн.
На ваков начин се однесуваат само највалканите ликови.