• Latest

Измените во ЗААМУ и Изборниот законик оставаат простор за манипулации

February 5, 2019
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Измените во ЗААМУ и Изборниот законик оставаат простор за манипулации

February 5, 2019 14:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По барањето од пратениците  обврската на Државната изборна комисија да врши мониторинг на електронските медиуми за време на изборните процеси  да се префрли во надлежност на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ЗНМ се огласи со соопштение по ова прашање.

„Здружението на новинарите на Македонија реагира на последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и на Изборниот законик, кои на четврти февруари беа усвоени во скратена постапка од страна на Собранието, без притоа да биде консултирана новинарската заедница.

Измените на ЗААМУ кои се однесуваат на членот 102 во делот на забрани за рекламирање даваат можност на јавните институции на централно и локално ниво да продолжат да ги финансираат радиодифузерите доколу со истите имаат потпишано договори за соработка кои се важечки и после стапување на сила на овој закон. Ова остава простор овој член од законот лесно да се злоупотреби и јавни средства да бидат исплаќани и во иднина на медиумите и покрај декларативната забрана на истите.

Потсетуваме дека за истиот член од Законот со измените од 31.12.2018 година, ЗНМ исто така имаше критика, каде според новата дефиниција јавните институции не треба да планираат средства за приватните медиуми, но не и да имаат изричита забрана за користење на јавни пари во медиуми. Со ова се остава можност за продолжување на клиентилистичкиот однос на централната и локалната власт кон медиумите, особено земајќи во предвид дека не се предвидува казна за прекршување на овој член.

Последните измени го потврдуваат сомнежот на ЗНМ дека Владата и понатаму има намера да финансира приватни радиодифузери без никакви критериуми со што се става под знак прашалник и независноста на уредувачката политика на овие медиуми.

Потсетуваме дека и изборниот законик во делот на изборните кампањи, предвидува политичките кампањи да бидат платени на приватните медиуми директно од буџетот на Р. Македонија. Ставот на ЗНМ е конзистентен и јасен, дека се додека со јавни пари се плаќаат кампањи на политички партии, се загрозува независноста на медиумите и начинот на кој тие ќе ги претставуваат кандидатите пред јавноста во изборната кампања, а ова може да влијае и на самиот изборен резултат.

Истовремено, ЗНМ ги поздравува измените во Изборниот законик кои се однесуваат на онлајн медиумите, со кои и се одзема надлежноста на Државната изборна комисија да ја мониторира работата на онлајн медиумите за време на изборна кампања. Овие измени се во согласност со претходните препораки на ЗНМ, но и на Советот на Европа, според кои не постои методологија според која може државата да цени дали онлајн медиумите се (не)професионални во начинот на кој тие известуваат за изборните процеси.“, се вели во соопштението од ЗНМ.

Д.Т.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ