Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека бомбардирале болница во Појасот Газа, која според нив била користена за „терористички активности“ од страна на исламистичкото движење „Хамас“. Од друга страна, „Хамас“ соопшти дека при нападот е убиен новинар, кого Израел претходно го обвини за учество во нападот на 7 октомври 2023 година.
Remember when Israel bombed the first hospital in Gaza and the world wouldn’t believe it and Israel blamed a misfired rocket from Hamas. Israel has now destroyed all hospitals in Gaza. pic.twitter.com/qurVQkpmbj
— Mohamad Safa (@mhdksafa) May 13, 2025
По прекин на борбите поради ослободување на заложникот со американско и израелско државјанство, Едан Александер, ИДФ соопшти дека го погодиле „командниот и контролниот центар сместен во болницата Наср“ во Хан Јунис, на југот од палестинската територија.
„Хамас“ тврди дека нападот довел до жртви меѓу пациентите, но не прецизираше број. Движењето обвини дека новинарот Хасан Аслих бил убиен во болницата, каде се лекувал откако бил ранет на 7 април при израелски напад.
Комитетот за заштита на новинари го осуди нападот и посочи дека Аслих работел за неколку меѓународни медиуми до 2023 година.
Фото: Скриншот Х