Израел соопшти дека сите 369 палестински затвореници кои требаше да бидат ослободени денеска ги напуштија израелските затвори, изјави портпаролот на израелската затворска служба.
Во изјавата, портпаролот вели дека тие биле ослободени од затворите Офер и Кециот.
Неколку отидоа на Западниот Брег, мнозинството сега пристигнуваат во Газа со автобуси
Толпата луѓе во Кан Јунис, во Појасот Газа, чекаат да пристигнат палестинските затвореници. Меѓу толпата има и роднини на оние кои се вратија во Газа по притворањето во израелските затвори.
Тоа следи по ослободувањето на тројца израелски заложници рано утринава, како дел од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Газа.
Д. Мишев