• Latest
Фото: Wikimedia commons

Израелската армија гаѓаше цели во Либан и во Појасот Газа како одговор на нападите за кои го обвинува Хамас

April 7, 2023

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Израелската армија гаѓаше цели во Либан и во Појасот Газа како одговор на нападите за кои го обвинува Хамас

April 7, 2023 09:42
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Wikimedia commons

Фото: Wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

Израел го нападна јужен Либан рано утринава и продолжи да бомбардира цели во Појасот Газа, сигнализирајќи сѐ поголема ескалација во регионот по овонеделните насилства во Ерусалим.

Израелската војска соопшти дека погодила три локации на Хамас во јужен Либан и повеќе од 10 цели во Појасот Газа, откако од полноќ биле истрелани 44 ракети врз еврејската држава од палестинската енклава. Еден од нив паднал во близина на градот Сдерот, пренесува МИА.

Размената на ударите доаѓа во време кога Евреите ја слават Пасха, а муслиманите го празнуваат светиот месец Рамазан. Во 2021 година, ескалацијата предизвикана од судирите во џамијата Ал Акса во Ерусалим доведе до 11-дневна војна меѓу Израел и Хамас кои управуваат со Газа.

Нападите во јужен Либан денеска се случија еден ден откако милитантите од таму истрелаа повеќе од 30 ракети врз Израел, при што беа повредени две лица и причинета материјална штета.

По размената на удари, мировната мисија на ОН во јужен Либан соопшти дека Израел и Либан не сакаат војна. Тие додаваат дека се во контакт со двете земји, кои официјално се во војна.

Тие ги повикаа на запирање на нападите. „Акциите во изминатите 24 часа се опасни и ризикуваат да доведат до сериозна ескалација“, се вели во соопштението.

Израелската војска ги обвини палестинските вооружени групи со седиште во Газа кои имаат ограноци на либанска територија, објави Њујорк Тајмс.

Весникот истакна дека насилството се смета за најлошо долж израелско-либанската граница од 2006 година, кога Израел водеше војна против либанската милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, и го зголеми ризикот од поширок конфликт меѓу Израел, палестинските групи и нивните сојузници.

Насилството ќе ја усложни и онака нестабилната безбедносна ситуација во регионот, коментира изданието. Тоа се случи во услови на зголемени тензии во Ерусалим, невообичаено високо ниво на насилство на окупираниот Западен Брег и поделби во израелската војска, предизвикани од контроверзниот план на израелската влада за ревизија на судството во земјата.

Вашингтон пост, исто така, забележува дека прекуграничната ескалација доаѓа во време на невидена политичка нестабилност во Израел и зголемено насилство на Западниот Брег.

Новата екстремно десничарска влада на Нетанјаху е потресена од повеќемесечни масовни протести поради неговите напори да ги ослаби овластувањата на Врховниот суд на земјата, пишува весникот. Некои од најгласните критичари на премиерот беа високи претставници на одбраната, кои постојано предупредуваа дека притисокот за судски реформи ќе ја поткопа подготвеноста на војската.

Тензиите во Израел продолжуваат да бидат исклучително високи откако беше објавена снимка на која се гледа како израелските сили брутално тепаат Палестинци кои лежат на земја во џамијата Ал Акса во Ерусалим во вторникот вечерта, објави Телеграф. Весникот наведува дека снимката предизвикала шок и згрозеност низ Блискиот Исток.

Значителниот пораст на насилството за време на светиот муслимански месец Рамазан и почетокот на еврејскиот празник Пасха доаѓа по една година засилено крвопролевање во израелско-палестинскиот конфликт, пишува британскиот весник „Гардијан“. Тоа го носи и ехото на 2021 година, кога судирите во Ал Акса за време на Рамазан станаа дел од причините за избувнувањето на 11-дневната војна меѓу Израел и Хамас. Весникот забележува предупредувања од безбедносни и дипломатски претставници дека овогодинешното преклопување на Рамазан и Пасха дополнително ги зголеми тензиите.

Tags: ИзраелПалестинаПојасот Газаракетни напади
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ