Извештај од мониторингот на ЦИВИЛ на терен, од 16 до 19:30 часот на денот на изборите (втор круг).
Притисоци врз набљудувачи на ЦИВИЛ
Карпош, ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“, полицаец му побарал легитимација на набљудувачот од Цивил иако на видно место бил истакнат беџот кој полицаецот го видел. По забелешката од набљудувачот дека не смее тоа да го прави, одговорил дека така му било наредено. Податоците му биле запишани на обичен лист хартија. На набљудувачот потоа му е дозволено да ги извршува активностите. Настанот е пријавен во 16,55, а се случил во 13,30 часот.
Карпош, ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“, ИМ 2626, На набљудувачот од страна на изборниот одбор му е задржана копијата од овластувањето, но по инсистирање истото му е вратено.
Наводи за поткуп на гласачи
Теарце, ОУ Еќрем Чабеј, с. Слатино, ИМ 2017, 2018, 2019, 2020, Набљудувач на Цивил известува дека на 1 час пред затворање на ИМ, во с. Слатино, о. Теарце, се нудело поткуп од 1000 до 1500 денари за глас за кандидатот за градоначалник на ДУИ. Информацијата ја добил усно од граѓанин на с. Слатино, кој сакал да остане анонимен. Информацијата ја добил додека бил во училишниот двор, граѓанинот од кој ја добил информацијата се враќал од гласање и набљудувачот на Цивил го слушнал граѓанинот како зборуваат во врска со ова со познаник на набљудувачот на Цивил. Набљудувачот на ЦИВИЛ го прашал граѓанинот дали може да го запише ова во извештајот, а од граѓанинот добил одговор дека може, со забелешка дека сака да остане анонимен, велејќи: „може, ама не ме мешајте мене во ова“.
Агитација, организирано носење на гласачи, закани до гласачи,
Центар, ОУ „Кочо Рацин“, ИМ 2799, 2800,2801, повозрасно лице родено 1942 година, влегол на сите три ИМ со капа со партиско обележје, а воопшто не гласа во тој објект. Полицијата го легитимирала, чекале дали ќе има пријава од претседателите. По завршување на разговорот со полицијата, лицето останало со помладо лице, а набљудувачот следел и понатаму дали можеби тоа лице ги дава инструкциите. Немало индикации за такво нешто, набљудувачот продолжил кратко да го следи но немало друга сомнителна активност.
Надминување на овластувања на партиските набљудувачи
Теарце, село Глоѓи, ОУ „Асдрени“,ИМ 2021/1, набљудувач од партија (Алијанса на Албанците) сликаше, ставаше цртки со кои се означуваат нивни гласачи, ги праќаше и зборуваше на телефон на гласачко место.
Куманово, ЈП „Чистота и зеленило“, ИМ 1014, двајца од присутните набљудувачи пишувале со пенкало со партиски обележја
Неовластено присуство на избирачко место
Струга, Основно училиште с. Враниште. , ИМ 1869 и 1870, поголема група на малолетници во д ворот од основното училиште креваат голема галама и попречувале слободен влез на гласачи. После реакцијата од полицијата истите го напуштиле местото.
Нарушување на тајност на гласањето
Битола, ОУ „Коле Канински“, ИМ 0067, на глас се читаат имињата на гласачите. Битола, ОУ „Коле Канински“, ИМ 0067, набљудувачите на партиите информираат кои лица гласаат.
Куманово, ЈП „Чистота и зеленило“, ИМ 1014, Три гласачки откако гласаа, намерно ги завиткаа ливчињата од обратна страна. Откако беа опоменати дека не треба така, одговориле „така треба“ и ги пуштиле ливчињата во гласачката кутија. Се гледаше заокружено број 12 и сите присутни тоа може да го видат..
Кочани, Детска градинка, ИМ 0835, Јавно и семејно гласање е забележано во 10. часот и 50 минути. Гласач со име Славе Марковиќ. Настанот е пријавен во 16,20 часот
Ранковце, основно училиште во с. Ранковце, ИМ 0987, Членка на ИО што ги кинела ливчињата пред да им ги даде на гласачите ги виткала ќошињата од ливчињата. Била опомената претходно од друг член од ИО да не ги кине ливчињата пред да влезат гласачите.
Кичево, ОУ Санде Штерјоски, ИМ 0737 гласачот го изразил јавно во ИМ својот гласачки глас за ВМРО иако му било укажано дека не треба тоа да го кажува
Карпош, ООУ „Вера Циривири Трена“, ИМ 2628, гласач на глас кажувал дека ќе гласа за еден кандидат (Стевчо Јакимовски).
Повреда на КОВИД протоколи
Студеничани, општинско училиште с. Долно Количани, ИМ 2353/1, двајца гласачи пуштени од Избирачкиот одбор да гласаат без маски
Битола, ОУ „Коле Канински“, ИМ 0067, Членови на ИО не носат маски.
Битола, ОУ „Коле Канински“, ИМ 0068 гласачи се примаат без заштитна маска.
Демир Хисар, ОУ во с. Загориче, ИМ 0627, четворица гласачи влегле во ИМ 0627 без заштитна маска, ИО не реагирал воопшто и им дозволил да гласаат.
Кичево, ОУ „Санде Штерјоски“, ИМ 0737/1, дозволено гласање без заштитни маски на двајца гласачи.
Помагање при гласање, гласање за друг, семејно гласање
Кочани, Детска градинка, ИМ 0835, јавно и семејно гласање е забележано во 10. часот и 50 минути. Гласач со име Славе Марковиќ. Настанот е пријавен во 16,20 часот.
Карпош, СУГС Ѓорѓи Димитров ИМ 2603, повозрасен граѓанин гласал со придружба под изговор дека не гледа добро. Настанот се случил во 13,10 часот, пријавен е во 16.55.
Проблеми со ФА
Куманово, приватно претпријатие Ајдучка Чешма, 1059/1, ИО имал проблем со ФП апаратот, имено член на ИО кој бил логиран на ФП апаратот си заминал дома и не се одлогирал, а кога друг член на ИО пробал да се логира на апаратот не можел да го направи тоа. Поради тоа, процесот на гласање бил прекинат од 12:39 до 12:52 часот, додека ИО се обидувал да го најде членот на ИО да го повика за да дојде во ИМ и да се одлогира од апаратот, за да може да се логира друг член на ИО за да функционира ФП апаратот за процесот на гласање да тече непречено.
Кисела Вода, ОУ Невена Георгиева Дуња, ИМ 2745, ИМ беше отворено во 07 часот, но процесот на гласање започна во 07:30 поради тоа што ФП апаратот не функционираше. ИО не дозволи да започне гласањето и се обидуваше да стапи во контакт со ОИК или ДИК за да добие инструкции како да го оспособи ФП апаратот за да може да започне процесот на гласање. По 30 минути ОИ доби сугестии што треба да направи за да го оспособи апаратот за гласање, ИО ги спроведе инструкции и го стави
Аеродром, ОУ „Љубен Лапе“, ИМ 2759, Околу 15 часот, 35 минути ФП апаратот снемал батерија. по реакција од надлежните истиот е во функција. Во меѓувреме гласањето продолжило, гласачите биле евидентирани со отисок од прст
Непристапност, повреда на гласачко право на лица со посебни потреби
Битола, ОУ „Коле Канински“, ИМ 0067, нема параван за лица со посебни потреби.
Чашка, Објект на Душко Димовски во с. Нежилово, ИМ 2213, во ИМ немало параван за лица со попреченост, а воедно и немало обезбедено пристап до ИМ за овие лица бидејќи имало скали пред ИМ. Избирачкиот одбор нема превземено апсолутно ништо во врска со решавање на ваквата состојба.
Кичево, ОУ Санде Штерјоски, ИМ 0737, Нема параван за лица со посебни потреби.
Други нерегуларности
Гази Баба, во избирачко место во ОУ „25 Мај“ и во Дане Крапчев ИМ 2496, набљудувачот има информација дека на две избирачки места, на наведено погоре и уште едно кое не му го кажале а е во училиштето 25 мај, немаат вреќи за транспорт на гласачките ливчиња. Едната информација ја добила од ИО на лице место, а другата од член на ИО во Ѓорѓи Крапчев ИМ 2496. Дополнително, набљудувачот се информирал и од ИО му кажале дека добиле СМС порака од ДИК дека доколку нема доволно кеси, материјалот да се транспортира во кутии.
Демир Хисар, ОУ с. Кутретино, ИМ 0628, снемало струја во објектот каде се одвива процесот на гласање, а снемало струја и во други ИМ. Се претпоставува дека снемало струја во цело село и во градот Демир Хисар. //// Демир Хисар, ОУ с. Кутретино, ИМ 0628, Процесот на гласање беше прекинат поради виша сила, т.е. нема струја, но подоцна од ИО донесена е голема светилка, присутни биле сите членови на ОУ на своите места, носеле маски и од ОИ истакнале дека нема да го прекинат процесот на гласање и дека процесот ќе се одвива до 19 часот кога и ќе го затворат избирачкото место.
Пробиштип, зграда на геолошко училиште СОУ „Наум Наумовски Борче“, ИМ 1532, Едно женско лице дошло во ИМ за да гласа, а нејзината лична карта и била истечена. Претседателот на ИО разговарал со лице од ДИК и по консултацијата на лицето му било овозможено да си го оствари правото на глас.
Карпош, ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“, ИМ 2626, На ова гласачко место забележано е гласање со истечена лична карта.
Ново Село, Дом на култура во Ново Село, ИМ 1785, Претседателката на ИК ја викна набљудувачката од СДСМ да извади извештај од читачот.












