• Latest

Извештајот од спроведената контрола на инсталацијата за третман на медицинскиот отпад се чека, ОЈО издало наредба за проверка на наводите во пријавата

February 6, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Извештајот од спроведената контрола на инсталацијата за третман на медицинскиот отпад се чека, ОЈО издало наредба за проверка на наводите во пријавата

February 6, 2020 09:33
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Извештајот од вонредната контрола извршена завчера на работењето на битолската „Еко клуб“ од Државниот инспекторат за животна средина се чека, а последната вонредната контрола спроведена на 12 декември од страна на инспекторатот, не покажала неправилности. За неправилности во третманот со медицинскиот отпад од страна на оваа компанија на прес-конференција прикажа материјали Градот Скопје,кој го пријавил случајот и до ЈО, кое спроведува предистражна постапка.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини при вчерашната посета на депонијата „Дрисла“ ги охрабри сите засегнати страни да соработуваат за да ги најдат потребните решенија и додаде оти ќе ги погледнат детално сите лиценци што се дадени.

Тој истакна дека за случајот е информиран вчера и ги повика сите засегнати страни да соработуваат и да се најдат решенија што се потребни.

 

– За ова бев информиран вчера. Детално ќе ги погледнеме сите наоди што ги направиле инспекторите и заедно со општинските инспектори ги охрабруваме сите надлежни институции, инспекцискиот совет, ЈО, како и сите засегнати страни да соработуваат за да ги најдеме оние решенија што ни се потребни, порача Нуредини.

Од Јавното обвинителство за МИА велат дека надлежниот јавен обвинител веднаш истиот ден по приемот на кривичната пријава издал наредба до СВР Скопје за да се направат неопходни проверки со кои ќе се обезбедат докази за утврдување на фактите и за проверка на наводите во пријавата. По издадената наредба, како што наведуваат оттаму, сè уште се постапува. Со оглед на тоа што предметот се наоѓа во предистражна постапка, ОЈО Скопје во моментов не сподели повеќе детали.

При последниот надзор во фирмата за медицински отпад, кој бил спроведен во декември, Инспекторатот не констатирал неправилност во работењето. Раководителот на секторот за инспекциски надзор во животната средина и природата Хисни Тачи увери дека контроли се прават редовно, но и вонредни по потреба, истакнувајќи оти редовно ги контролираат фирмите што се под нивна надлежност.

Дозволи за транспорт на медицински отпад о земјава имаат четири компании, а три за третман на медицинскиот отпад.

 

Тачи рече дека контрола вршат и во другите фирми што транспортираат опасен отпад, како тетовската „Рецикле“, „Еко клуб“ и „Дрисла“ и појасни оти контролите се редовни согласно годишната програма, а се вршат и вонредни по дојава.

Инспекторатот, како што додаде тој, е надлежен за инсталации што преработуваат термички медицински отпад, опасен отпад и дека градскиот инспекторат не е надлежен да ги контролира ваквите инсталации.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули вчера рече дека се проверуваат сите дозволи и доколку се утврдат неправилности кај битолската фирма, никој нема да биде поштеден.

Ова следува по објавувањето на видеоматеријалот од страна на Град Скопје во кој се гледа дека необработен медицински отпад без почитување на пропишаниот протокол се третирал на депонијата „Дрисла“.Медицинскиот отпад е транспортиранод болниците во Битола и Прилеп. Во минатата година биле транспотирани на Дрисла од страна на оваа фирма 4700 килограми медицински отпад, а само во јануари 1900 килограми. По завршување на прес-конференцијата во Градот Скопје во поладневните часови биле транспортирани три камиони со медицински отпад на „Дрисла“.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ