• Latest

Јаки институции, граѓански сектор и свест за справување со корупцијата

July 5, 2018

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јаки институции, граѓански сектор и свест за справување со корупцијата

July 5, 2018 13:10
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Македонија корупцијата не е клучен проблем на граѓаните и тие имаат мал отпор кон неа. Кога им се бара мито, тие најчесто даваат. На 36 отсто од граѓаните им било побарано мито, а 31 отсто дале. Затоа е потребно подигнување на јавната свест за борба против корупцијата, но и зајакнување на сите механизми и граѓански и институционални за справување со овој проблем.

Ова се дел од ставовите и податоците изнесени на денешната конференција на тема „Конвенција на ООН против корупција и интегритетот, транспарентноста и антикорупциските превентивни политики“, со која почнува проект за следење на борбата против корупцијата, нешто што од земјава го бара и Европската унија, како дел од обврските за почнување претпристапни преговори.

Претставникот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Никола Бертолини истакна дека е потребно да се зајакне улогата на граѓанскиот сектор, да се применува заштитата на „свиркачите“ кои би пријавиле корупција, да се воспостави нов ефикасен модел на Антикорупциска комисија со силни овластувања, но и со финаниски и човечки ресурси за справување со проблемот.

– Корупцијата ги ослабува државните институции и ја уништува демократијата и владеењето на правото, негативно влијае врз општествениот и економскиот развој и на приходот на државата, рече Бертолини.

Борбата против корупцијата рече е приоритет на оваа влада, но потенцира, последната година не е забележан некаков прогрес. Според него, анкетите на МЦМС покажуваат перцепција притисок на корупцијата и неверување на граѓаните дека таа може да биде искоренета.

– ЕУ очекува дека државата ќе даде доказ за репресија и спречување на корупцијата, кој ќе покаже дека политиките се спроведуваат проактивно и без дискриминација и дека ќе испорачаат опипливи резултати како придобивка за сите граѓани, рече Бертолини.

Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски истакна дека Владата е целосно посветена на спречување на корупцијата и оти за таа цел се прават и законски измени, се изготвува и стратегија, а, како што рече, се бара и најсоодветен модел на антикорупциска комисија која ќе биде ефикасна во намалувањето или решавањето на овој општествен проблем.

– Во тек е и ревизија на Кривичниот законик и се надеваме дека уште повеќе ќе го зголемиме опсегот на кривичните дела поврзани со корупцијата и ќе се дообработат веќе постојните кривични дела во оваа насока, рече тој.

Александар Кржаловски од МЦМС, организатор на конференцијата, истакна дека истражувањето што го направиле во март годинава покажува дека во Македонија е мал отпорот кон корупцијата.

– На 36 проценти од граѓаните им било побарано некоја форма на мито или корупција, а 31 отсто дале. Кај нас е мал отпорот и кога се бара обично се дава мито за да се заврши работата, рече Кржаловски. Додаде дека на земјава и претсои обемна работа за да се сменат состојбите и свеста. (МИА)

Tags: граѓански секторЈаки институциикорупцијатаМЦМСсвест за справување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ