„СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ водат ноевска политика, односно главата им е ставена во песок и на заканите и уцените од Османи и Таравари никако не одговараат“ рече кандидатот за претседател од ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Тој ова го изјави како одговор на албанските партии за избор на претседател во Собранието и учество во Влада која ќе ги донесе уставните измени.
„Јас јавно ги прашувам дали ќе се одважат еднаш на овие уцени да одговорите со ваш одговор, а одговорот е дека ако има уцени за состав на Влада, ние ќе направиме широка коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и сите останати што сакаат да влезат во Влада“ рече Јакимовски.
Според Јакимовски, ова го очекува македонскиот народ и до кога, како што рече, мислат да го понижуваат токму партиите кои се претставници на македонскиот народ.
Н. А.