• Latest
Скриншот од видео на N1 Белград

Јан Бжежински: Ако Русија победи во Украина, главната цел ќе биде Западен Балкан

February 11, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Јан Бжежински: Ако Русија победи во Украина, главната цел ќе биде Западен Балкан

February 11, 2026 13:28
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Скриншот од видео на N1 Белград

Скриншот од видео на N1 Белград

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот експерт за надворешна и безбедносна политика, Јан Бжежински од Атлантскиот совет, изрази загриженост за безбедноста на Западен Балкан во случај војната во Украина да продолжи под услови диктирани од Русија.

„Ако дозволиме оваа војна да продолжи под услови диктирани од Русија, што е она што се случува, или уште полошо – ако Русија постигне целосна победа, тогаш целата безбедност на Европа драстично би се намалила. Сигурен сум дека по ова би следувала понатамошна руска агресија, особено хибридна. А главната цел на тоа би бил Западен Балкан“, изјави Бжежински за N1, пренесува Глобус.

Бжежински истакна дека постојаното поигрување на американскиот претседател со традиционалните сојузници, Европа и земјите-членки на НАТО, кулминирало кога Доналд Трамп отворено почнал да го бара Гренланд, доведувајќи ги во прашање ОН и НАТО и користејќи ги царините како инструмент за политичка уцена.

Ваквите потези, дури и кога, како во случајот со Гренланд, тој се повлекува, ѝ штетат на Алијансата, оцени Бжежински во интервјуто.

Водителката на N1 потсети дека Трамп на својот инaугурационен говор при преземањето на вториот мандат рече дека ќе работи на територијално прошорување на САД. Истакна дека САД немал никаква корист од НАТО а дека користа секогаш била кај членките на НАТО на сметка на САД! Подвлече дека ситуацијата околу Гренланд малку се смири во Давос ама ќе заврши во првата фаза со заедничко присуство на единици на НАТО на островот, но тешка дека тоа ќе долгорочно ќе ги спречи апетитите на американскиот претседател.

Таа исто така потсети дека 50 војници на Данска погинале во Авганистан во борбите што САД ги иницирале таму после 11 септември 2001 година. Исто така потсети дека  на денот на падот на терористите врз САД токму европските сојузници побарале да се активира членот 5 од Повелбата на НАТО според она дека ако е нападната една земја од Алијансата, нападнати се сите.

Ете,  Данска има поголеми загуби по глава на жител во Авганистан отколку САД а тоа не смее да се заборави, иако немаше никаков интерес да војува на тоа подрачје, ниту се одлучи за нападот врз Авганистан, за тој авантуризам, но беше лојална како сојузник на САД, истакна Бжежински.

Да потсетам – рече тој – ставот на Трамп кон НАТО не е став на Аемрика, туку е само став на Трамп. Дури 70 отсто на Американците сметаат дека Америка мора да го подржи НАТО и дури да ги зголеми своите обврски кон сојузниците.


Јан Бжежински е американски и воен експерт (63) кој не треба да се меша со попознатиот Збигњев Бжежински, кој е негов татко. Јан е републиканец по убедување  а во време на Џорџ Буш, од 2001 – 2005 година бил заменик на секретарот за одбрана, задолжен за Европа. Едно време како волонтер работел и во Украина на зајакнувањето на нивните одбрамбени сили. Член е на Атлантскиот совет од 2010 година.


Преземено од Глобус. Целото интервју можете да го погледнете тука.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ